Кафе муабет

НЕВЕРОЈАТНО: Погледнете како од шталата направија совршено место за живеење!

Стан кој ќе ви ги освои симпатиите

Откако ќе го видите овој стан можеби и ќе си помислите дека животот во штала би можел да биде удобен иако тоа не звучи баш реалистично.

 

 

Ова симпатично место сместено во идиличната рурална област на Велика Британија дефинитивно ќе ви ги освои симпатиите.

Овој простор каде некогаш се чуваше сточна храна се организираше толку феноменално, што нема кој не би посакал да живее тука.

 

 

Првично идејата и реализацијата се заслужни за оваа трансформација, до совршенство. Никој не би се посомневал дека ова место некогаш било штала.

 

 

 

Двокатниот простор кој некогаш беше полн со слама, сега е простран стан украсен во светло беж, сива боја и нијанси на песок со бела кујна и многу дрво што му дава топлина и удобност.

 

За да се зачува оригиналноста на зградата, на покривот беа оставени видливи греди, а целокупниот впечаток на украсот со многу рурален шарм е совршено надополнет со ѕид од тули и дрвена врата.

 

Бањата е правена во помодерен стил кој совршено се вклопува со остатокот од декорацијата на овој стан.

 

 

Во спалната соба има комбинација од беж тонови со бело и сиво и мора да признаеме дека изгледа прекрасно.

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close