Бебе

Неверојатна приказна од соседството: Две сестри во ист ден родија машки здрави деца, но тоа не е СЕ

И двете сестри родија машки деца и тоа се нивни трети деца

И само кога ќе ги прочитате деталите … навистина е неверојатно!

Сестрите, Невена Ковашевиќ и Бојана Пантовиќ Ѓуриќ, се породија во ист ден во породилната болница во Чачак.И двете сестри родија машки деца и тоа се нивни трети деца.

„Не се сеќаваме дека досега сме имале две сестри да се породат во истиот ден и дека на двете ова им е трето дете. Тоа е навистина невообичаена ситуација. Пораѓаите поминаа добро и тие веројатно ќе одат дома следната недела“, велат во породилната болница во Чачак.

Необична ситуација се случи и денес во Белград – бебето не можеше да чека повеќе, па жената се породи пред Институтот за мајка и дете!

Жени, помолете се со оваа молитва за да имате лесен и добар пораѓај.

О, Преславна Мајко Божја, помилуј ме мене, Твојата слугинка, и дојди ми на помош за време на моите болести и опасности, со кои раѓаат деца сите кутри ќерќи на Ева.

Спомни си, Благословена меѓу жените, со каква радост и љубов Ти иташе да ја посетиш својата роднина Елисавета за време на нејзината бременост и какво чудно дејство се случи од Твојата благодатна посета и кај мајката и кај бебето во утробата.

И по Твоето неисцрпно милосрдие дај ми и мене, на Твојата смирена слугинка, да имам лесен и добар пораѓај; дај ми ја оваа благодат, та детето што сега лежи под моето срце, кога ќе ја почувствува, со радосно играње, слично на светото бебе Јован, да Му се поклони на Божествениот Господ Спасител, Кој од љубов кон нас грешните, не се згнасил да стане и Самиот Бебе.

Неискажливата радост што го исполнила Твоето девствено срце при гледањето на новородениот Твој Син и Господ, да ја заслади маката, која ме очекува во породилните болки.

Животот на светот, мојот Спасител, Кој се роди од Тебе, да ме спаси од смртта, која го прекинува животот на многу мајки во часот кога се пораѓаат и да го приброи плодот на мојата утроба кон бројот на Божјите избраници. Слушни ја, Пресвета Небесна Царице, мојата смирена молба и погледни на мене, бедната грешничка со окото на Твојата благодат; не посрамувај ја мојата надеж на Твоето големо милосрдие и осени ме, Помошничке на христијаните, Исцелителко на болестите, да се удостојам и јас да доживеам на себе, дека Ти си Мајка на милосрдието, и секогаш да ја прославувам Твојата благодат, која никогаш не ги отфрла молитвите на измачените и која ги избавува сите кои Тебе Те повикуваат во време на маки и болести.Амин.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close