Бебе

Кога ќе станеш татко, ќе научиш нови вештини за кои никогаш не си знаел

Животот се менува многу откако ќе добиете дете.

Пораснавте. Работите. Можеби имате и милениче и добар автомобил. И штедна книшка. Кредит. Се прашувате колку поразлични ќе бидат работите кога ќе бидете тројца? Еве неколку забавни информации кои имаат голема доза вистина.

Градите на твојата жена ќе добијат сосема нова цел

Им се извинуваме на сите мажи, но, кога ќе дојде бебето, градите првенствено стануваат оброк за бебето.

Работниот ден можеби ќе заврши, но обврските не завршуваат

Затоа што кога ќе се вратите дома, може да очекувате преземање на бебето со викање на вашата жена: Конечно, еве, земи го!

Останувањето буден цела ноќ не е поради алкохолот

Само плач, грчеви… Меѓутоа, ситуациите може да излезат од контрола…

Ќе научиш нови вештини кои можеби никогаш не си ги знаел

На пример, како да направиш плетенка, а исто така ќе ги запаметиш и имињата на сите плишани животни. Ќе научиш како да стануваш наутро без да правиш ниту еден звук кој би можел да ги разбуди сите оние кои спијат. Пссстт.

Ќе почнеш да одиш на чај

… каде што другите гости обично се плишаните мечиња.

Возбудувањето ќе се врти околу детските подвизи

Секако, уловот на големи риби се’ уште е успех како некогаш, но не таков каков што кога ќе го видите детето дека си ја фатило својата прва риба. Таа гордост е неопислива.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close