Бременост

Невенчанот сопруг на мајката која роди 10 бебиња тврди дека исчезнала – бебињата никогаш не ги видел!

Неочекуван пресврт во приказната

Таа на 07.06 беше на предвремено породување во седмиот месец од бременоста….

Неодамна низ сите светски медиуми се прошири веста дека Госијама Тамара Ситоле од Јужна Африка го сруши светскиот рекорд откако роди десет деца, по пат на природно зачнување. Но, сега оваа неверојатна приказна доби неочекуван пресврт.


Таа на 07.06 беше на предвремено породување во седмиот месец од бременоста.

“Шокирана сум од бременоста. На почетокот беше тешко. Бев болна. Тешко ми беше. Сè уште ми е тешко, но сега се навикнав. Не ја чувствувам болката повеќе, но сепак малку се плашам и го молам Бог да ми помогне да успеам да ги извадам сите мои деца здрави, и јас и моите деца да излеземе од болницата закрепнати. Би била задоволна од тоа “ изјави оваа мајка.

Имено, нејзиниот невенчан сопруг тврди дека тој не верува дека таа некогаш родила десет бебиња. Тој посочи дека „всушност тој никогаш не видел доказ дека постојат десет бебиња“, пренесува „Мирор“.

Да потсетиме, медиумите објавија дека Госијаме родила седум момчиња и три девојчиња со царски рез во 29-та недела од бременоста, што го сруши претходниот светски рекорд.

Семејството на таткото на овие бебиња даде изјава во која заклучија дека „нема десет бебиња чии родители се Тебого и Госијама Ситола додека не се докаже спротивното“. Тие исто така се извинија за непријатностите што ги предизвикаа.


Да бидат работите побизарни – никој не знае каде се Госија и новородените бебиња, а оваа 37-годишна жена во моментов е наведена како исчезната личност.

“Сопругот неколку пати се обиде да ги посети својата сопруга и бебињата, но таа не откри каде се наоѓаат и каква е состојбата на нивните деца изјави семејството Тебого за News 24.

Исто така, јужноафриканските власти истакнаа дека не можат да најдат докази дека жената навистина родила десет деца.

foto printscreen
foto printscreen/ miror

„Имаме седум момчиња и три девојчиња, среќен сум, емотивен, не можам многу да зборувам“, изјави претходно гордиот татко за BBC.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close