Кафе муабет

На 26 години се омажи со 89 годишен милијардер- ја осудуваа, постигна светска слава но загубата на синот ја скрши- ја пронајдоа во хотелска соба!

Неможеше да ја издржи загубата...

Ана Никол Смит трагично по*ина на 8 февруари 2007 година на 41 година, оставајќи ја зад себе својата тогаш петмесечна ќерка Даниелин Биркхед.

foto instagram

Ана се прослави во 1993 година кога се соблече за Плејбој и стана зајачица на годината. Taa остана запаметена како едно од најпрепознатливите американски ТВ-лица.

Таа влезе во водите на актерството и ја освои јавноста со својот јужен шарм и со тоа се стекна со статус на мегапопуларна американска икона.

foto instagram

На некои им пречеше што сксапилната, необразована русокоса привлече внимание, но таа не попушташе. Таа се омажи двапати, а нејзиниот втор брак со тогаш 89-годишниот мултимилионер Хауард Маршал предизвика скандал затоа што беше обвинета дека е спонзоруша.

Имено, кога се омажи за него, таа имаше 26 години и тој почина од пневмонија по само 14 месеци од нивниот заеднички живот.

Смит, кој ќе наполнеше 53 години на 28 ноември ако беше жива, се бореше со неговиот поранешен посинок за наследство, а судскиот заплет трае околу 15 години. Одлуките за тоа кој има право на богатство постојано се менуваа и на секој од нив им беа дадени по неколку милиони. Сепак, не е познато кој профитирал на крајот.

Ана ја роди ќерката Даниелин на 7 септември 2006 година, но три дена подоцна се соочи со голема трагедија.

Имено, нејзиниот син Даниел Вејн Смит пo*ина на 21 година во нејзината болничка соба три дена откако тој дојде на Бахамите да ја види својата новородена полусестра.

Како и секоја мајка, на Ана и беше тешко да се соочи со неговата cмpт, а неколку месеци подоцна и стави крај на својот живот.

Таа беше пронајдена мpтвaа во Соба 607 во хотелот и казиното Хард Рок на Флорида. Ја пронашла пријателката и медицинската сестра Тасма Брајтхаупт, која повикала брза помош додека нејзиниот сопруг и телохранителот на Ана се обиделе да ја реанимираат.

По пристигнувањето во болницата е прогласена см*т на познатата старлета, а причина е труење со комбинација на разни лекови.

За малата Даниелин продолжи да се грижи нејзиниот татко Лери Биркхед откако воспостави татковство и битка за старателство со уште тројца мажи. Тие се обидуваат да го одржат во живот споменот на американската поп-дива одржувајќи ги сите нејзини фустани и носии во кои настапи, и од тие причини нивниот семеен дом го претворија во храм посветен на Ана Никол. Нејзините постери и плакати ги има насекаде, како и нејзините фотографии.

Лери и Даниелин живеат во Кентаки, но често ги посетуваат Бахамите, каде е погpебана Ана Никол, за да бидат што е можно поблиску до неа.

“Мразам што таа не е тука со Даниелин да ја гледа како расте. Затоа сакам да ја доведам нејзината мајка што е можно поблиску до неа. Ако е опкружена со нејзините работи, таа ќе може подобро да разбере колку била неверојатна личност “, рече таткото на 14 годишната Даниелин.

Таа сè уште не покажува интерес да ги следи стапките на нејзината мајка и да стане актерка и модел.

Даниелин само сака да биде среќна тинејџерка која живее нормален живот, и покрај тоа што едвај ја запозна својата мајка, која пo*ина пред 13 години.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close