Кафе муабет

На расправиите им нема крај, Душан повторно удpи по Тања: Таа не сака да дојде во Австралија да ги земе децата!

Тања Савиќ од минатата година не ги видела своите синови...

Семејната драма на Тања Савиќ и нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ, која ја потресе јавноста, и во која пејачката го обвини сопругот за кид-напирање на синовите, се чини дека нема крај.

фото инстаграм

Имено, Савиќ ја алармираше јавноста и се бореше да докаже дека Јованчевиќ ги зеде децата на сила минатата година во април и ги однесе во Австралија без нејзина согласност.

Тања се уште е во Србија, додека нејзините наследници Максим и Ѓорѓе се со нивниот татко во Австралија. Душан сега се огласил и посочил дека Тања наводно не сака да оди во Австралија за да ги земе децата.

foto instagram
фото инстаграм

“Мислам дека немам за што да зборувам. Сè е во ред, децата се тука. Тања е во Србија и не сака да доаѓа по децата”, наводно напишал Душан во пораката.

Инаку, пејачката Тања Савиќ веќе една година минува низ вистински пекол, со оглед на тоа дека од минатата година не ги видела своите синови, па реши да го тужи сопругот.

фото инстаграм
foto instagram

Пред еден месец, Тања ја изненади јавноста објавувајќи на социјалните мрежи порака која многумина ја сфатија како потврда дека таа конечно е со своите деца, а сега ексклузивно за Пинк.рс откри дека го добила старателството над нејзините синови, и дека наскоро ќе оди во Австралија за да ги земе.

– Вистина е дека го добив старателството над децата! Многу сум среќна – рече Тања, и откри дали децата се со неа:

Фото Hello.rs

– Не, ќе одам во Австралија да ги земам, судот донесе одлука децата да ми припаднат на мене и сега ќе ги донесам во Србија – рече видливо возбудената пејачка за Пинк.рс.

Колегите се обидуваат да стапат во контакт со неа но залудно…

фото инстаграм

Пред неколку дена во јавноста излезе веста дека пејачката веќе некое време се крие од сите, дури и од нејзините пријатели и колеги, на кои со денови не им одговара на телефон.

фото инстаграм

Таа повремено објавува видеа на својот Инстаграм профил, па во последните стории покажа како го поминува слободното време во својот дом во Смедерево, каде игра со домашните зајаци во дворот, но некое време не сака да разговара со никој освен членовите на семејството.

фото инстаграм

Како што дознава „Kurir Stars“, неколку нејзини колеги со денови се обидуваат да разговараат со Тања, но таа не одговара на повици и пораки.

фото инстаграм
фото инстаграм

Тие се загрижени за неа и се обидуваат да откријат дали сè е во ред но сакаат и да и помогнат доколку можат.

фото инстаграм

Со денови се обидував да ја добијам поради еден договор за работа, но таа не ми се јавува, а некои наши пријатели ми рекоа дека состојбата е слична и со нив. И ’пишавме и на социјалните мрежи, но таа само ги гледа пораките, но не одговара на нив. Не знаеме што и е, дали е лута или во што е проблемот. Ние се грижиме за неа “, рече еден од колегите на Тања.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close