Кафе муабет

НАЈУБАВИТЕ И НАЈНЕЖНИ УКРАСИ ОВАА ГОДИНА: Лампиони во облик на срце кои не се кршливи!

Започнете со подготовките за божиќните празници навреме

Љубителите на Божиќните празници сигурно со нетрпение очекуваат да ги украсат своите домови.

Foto: Internetska stranica trgovine

До големиот празник има уште само два месеци, па иако на многумина им се чини дека е рано, сепак со подготовките треба да се започне малку порано.

Foto: Internetska stranica trgovine

 

Секако тоа го знаат оние кои уживаат во магијата на Божиќните украси и секоја година со нетрпение очекуваат да бидат поставени на полиците во продавниците за украси.

Foto: Internetska stranica trgovine

За вистинските љубители, пристигна одлична вест. Конечно се пронајдени совршени лампиони кои воедно ќе се вклопат на секое божиќно дрво, но веста е дека тие не можат да се скршат, што е голем плус доколку имате мало дете.

Foto: Internetska stranica trgovine

Интересно е и тоа што ги има во разни бои, и можете да одберете мат, сјајни или срценца со светки.

Совет плус за поинакво украсување на домот оваа година

Со помош на минималистичката естетика внесете магија во вашиот дом. Тренд последните неколку години е враќањето кон традицијата и природата.

Можете да искористите стари дрвени украси кои веќе сте ги складирале во подрумот, и од нив да направите сосема нов украс кој одлично ќе се вклопи во домот.

Сигурно имате украси направени од хартија или потполно природни како на пример украси со ореви, потоа гранки, листови од еукалиптус, борови гранки…

Гранките се ставаат во вазна и стануваат интересен зимски аранжман, имела се става над вратата или прозорите, од листовите на еукалиптус се плетат венци…

 

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close