Нега и здравје

Најновото истражување покажа дека луѓето кои одбиваат вакцинирање имаат ниска интелигенција?!

Пандемијата со вирусот корона се чини дека е при крај а научниците тоа го препишуваат на вакцините и стекнувањето на колективен имунитет...

Според  последното истражување на списанието Brain, Behavior, and Immunity се покажало дека луѓето кои во просек одбиваат вакцинација имаат пониски когнитивни способности, или помалку интелигенција.

фото илустрација

Пандемијата со вирусот корона се чини дека е при крај а научниците тоа го препишуваат на вакцините и стекнувањето на колективен имунитет. Па така бидејќи стекнувањето колективен имунитет на САРС-CoV-2 е главен предуслов за враќање во понормален живот што вклучува повторна слобода без маски, отворање на локалите, рестораните, границите, ндвижење без протоколи, научниците спроведоа бројни студии за време на пандемијата за влијанието на различните социјални, бихевиорални, културни и други фактори врз варијабилноста на вакцинацијата.

foto inz.ba/ илустрација

На пример, угледната американска компанија Pew Research откри интересна корелација помеѓу бројни различни фактори и неподготвеност да се вакцинираат меѓу Американците. Според нивното истражување  на колебливоста на луѓето меѓу другото, влијаат: возраста (помладите луѓе се двоумат повеќе од оние постари од 65 години), етничката припадност (Азијците најмалку се двоумат а црнците најмногу), религиозноста (атеистите најмалку се двоумат), политичката припадност (конзервативците се двоумат, а либералите помалку).

FOTO: SNEŽANA KRSTIĆ / RAS SRBIJA

Според водачот на ова истражување,  Пју,  постои и силна врска помеѓу недовербата кон вакцините и недовербата кон владата, и дека нестабилноста значително зависи од нивото на образование.

Авторите на новата студија во воведот пишуваат дека за време на пандемијата биле откриени неколку фактори кои даваат јасни предвидувања за нивото на двоумење кон вакцинацијата против ковид-19. Но, иако постојат студии кои покажале дека луѓето со пониско ниво на когнитивна способност имаат проблеми со нефармаколошките епидемиолошки мерки (држење на растојание, маски, хигиена, итн.)улогата на интелигенцијата во одбивањето на вакцините covid-19 не е претходно испитана.

фото профимедиа

Тим научници, претежно епидемиолози и психолози од Универзитетскиот колеџ во Лондон и Универзитетот во Единбург, решија да ја тестираат врската помеѓу резултатите од серија тестови за интелигенција и двоумење кон вакцинацијата, врз основа на извештаи за сопствените ставови. Студијата беше спроведена откако успешно беше тестирана вакцината АстраЗенека.

foto ilustracija

За истражувањето биле користени податоци од Анкетата КОВИД, која ја следи пандемијата, и е составен дел од надолжната студија „Разбирање на општеството“ (Главно истражување), која следи десетици илјади домаќинства во Велика Британија.

Во неделата непосредно по објавувањето на резултатите од успешното тестирање на првата ефективна вакцина (ноември / декември 2020 година), беа собрани податоци за намерите на 11.740 лица (6.702 жени) на возраст од 16 до 95 години.

фото јутарнји.хр

Резултатите од испитувањето на општите когнитивни функции беа утврдени врз основа на шест тестови собрани во Главното истражување 2011/12, пред почетокот на пандемијата.

Меѓу учесниците во студијата, околу 17,2%, или 1842 од нив, посочиле дека се двоумат околу вакцинацијата.

Авторите прво ги контролирале резултатите на таков начин што ги исклучуваат можните влијанија на возраста, полот и етничката припадност. Ова беше важно да се направи затоа што треба да се очекува, на пример, постарите лица, кои не се вакцинирани и се подложни на поголем ризик, да бидат помалку колебливи.

foto jutarnji.hr

Но, дури и по таквото прилагодување, студијата покажа дека веројатноста за двоумење кон вакцинацијата е сè уште значително поголема кај луѓето со пониски когнитивни способности.

Тимот исто така направи прилагодувања за менталното и физичкото здравје и за статусот на заштита на домаќинството, но тие немаа никакво влијание врз резултатите.

Од друга страна, спроведената контрола за нивото на образование доведе до следниот резултат: степенот на образование влијаеше на нестабилноста (пообразованите беа помалку колебливи), но дури и кога беше исклучено неговото влијание, веројатноста за влијание на интелигенцијата врз нестабилноста остана значаен фактор за двоумење кога станува збор за вакцинација.

Izrael vakcinacija, Foto: EPA/ABIR SULTAN

Последното треба да се очекува бидејќи постои корелација помеѓу коефициентот на интелигенција и нивото на образование . Имено, не само што луѓето со повисоки когнитивни способности постигнуваат повисоки академски достигнувања во просек, туку истражувањата покажаа дека секоја година на образование го зголемува IQ за околу три поени.

Научниците во својата работа, сепак, истакнуваат дека нивното истражување има едно важно ограничување, а тоа е дека се заснова на изјавите на луѓето за нивните намери, а не на нивното вистинско однесување. Со други зборови, авторите немале информации кој од учесниците всушност бил вакциниран, а кој не.

Foto: Profimedia/MICHAEL KAPPELER/AFP

Во нивниот извештај, научниците презентираат можно толкување за корелацијата што ја забележале.

„Неточните информации на социјалните мрежи можат да го комплицираат личното донесување одлуки, што доведува до тоа луѓето со пониски оценки на когнитивните тестови да се двоумат, заклучуваат авторите.

Фото: Фејсбук/ Венко Филипче

Вакцинација во Македонија!

Во Македонија до сега се вакцнирани 428,081 граѓани. Заклучно од вчера вакцинирањето се врши без закажување на термин.

Foto .aa.com.tr/mk

Потребни се две дози, втората доза 4-12 недели по првата доза. Вакцината се дава мускулно во рамото.

Фото: Фејсбук/ Венко Филипче

Ефикасност: во клиничките студии докажана е ефикасност од 63.09% за превенција на инфекција со САРС-Ков2, резултатите од реалната пракса се охрабрувачки, само по првата доза 85% се намалува ризикот за хоспитализација или тешка форма на болеста.

Фото: Фејсбук/ Венко Филипче

Најчести несакани ефекти – болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Се јавуваат кај 1/10 индивидуи. Поретко се јавува алергиска реакција.

Foto .aa.com.tr/mk

Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден ден до два по вакцинацијата.

Фото: Фејсбук/ Венко Филипче

Пунктови за вакцинација има во Скопје, Битола, Кавадарци, Куманово, Охрид, Тетово и Штип, а во тек е и процес на теренска вакцинација.

„Процесот за теренска вакцинација е организиран во соработка со здравствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници. Со помош на локалните медиуми и плакати, ги информираат граѓаните за денот и часот во кое село, населба или рурално населено место ќе се врши вакцинација.

„Молам за поддршка од секој граѓанин во овој процес. Имаме мирна епидемилошка состојба и доволно вакцини односно идеални услови да вакцинираме што поголем број на граѓани. Комуницирајте со вашите блиски и познати ако сеуште не се вакцинирани да го направат тоа во најбрз рок. Само така ќе ја победиме пандемијата, пишива во објава на профилот на министерот за здравство, Венко Филипче.

Во продолжение погледнете и неколку фотографии од тоа како се одвива теренската вакцинација во Македонија.

Фото: Фејсбук/ Венко Филипче
Фото: Фејсбук/ Венко Филипче
Фото: Фејсбук/ Венко Филипче
Фото: Фејсбук/ Венко Филипче
Фото: Фејсбук/ Венко Филипче
Фото: Фејсбук/ Венко Филипче
Фото: Фејсбук/ Венко Филипче
Фото: Фејсбук/ Венко Филипче
Фото: Фејсбук/ Венко Филипче
Фото: Фејсбук/ Венко Филипче
Фото: Фејсбук/ Венко Филипче
Фото: Фејсбук/ Венко Филипче

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close