Кафе муабет

НАЈИНСПИРАТИВНАТА ПРИКАЗНА ШТО ЌЕ ЈА ПРОЧИТАТЕ ДЕНЕС: Таа има Даунов синдром но тоа не ја спречи да биде шампионка во гимнастика!

Вернер (22) денес е четирикратен национален шампион во гимнастика...

Челзи Вернер започна да се занимава со гимнастика уште кога имала четири години, со цел да развие подобар мускулен тонус, поради Дауновиот синдром.

фото инстаграм

Со нејзиниот успех, таа стана инспирација за многумина и докажа дека луѓето со Даунов синдром можат да бидат и фантастични спортисти.

Вернер (22) денес е четирикратен национален шампион во гимнастика.

фото инстаграм

Дон Помбо, тренер на Челси, вели дека вложила многу труд во овој спорт и дека никогаш не се откажала од победа.

Кога имала само четири години, нејзините родители ја донеле на првиот час по гимнастика. Четири години после тоа, Челси се подготвуваше за Олимпијадата.

фото инстаграм

Кога првпат ја забележа, Дон Помбо ги побара нејзините родители и им рече дека ќе биде подготвена да ја обучи, но дека прво ќе мора да се осигура дека оваа девојка навистина има волја за сериозен тренинг.

фото инстаграм

– На почетокот, таа не беше толку добра. Имаше силна волја и беше возбудена, но беше и во лоша форма и едвај одржуваше рамнотежа на гредата. Најголемата пречка беше силата, мускулниот тонус беше премногу слаб, што е карактеристично за луѓето со Даунов синдром – објасни Помбо.

Кога им рече на родителите на Челси дека е подготвена да се обиде, тие беа возбудени, но никогаш не сонуваа дека нивната ќерка ќе постигне таков успех.

После години и години напорна работа, оваа упорна девојка се соочи со нова пречка во 2006 година, бидејќи Специјалниот олимписки комитет во Северна Калифорнија се откажа од финансирање на програми за гимнастика, па семејството на Челси мораше да ги покрие трошоците за патувања и тренинзи самостојно.

Сепак, тие не се предадоа.

фото инстаграм

Нејзиниот татко Реј основал непрофитна организација за да собере средства за да може Челси да ги гради своите соништа.

– На почетокот и беше важно само да замине на натпревар, но како што растеше, сфати што всушност значи низок број на поени. Потоа тргнавме на целосно ново патување за време на кое таа мораше да тренира многу повеќе за да стигне до првиот медал – рече Помбо.

Помбо беше строга кон Челси како и со секоја друга девојка, па затоа таа мораше целосно да му се посвети на спортот и да тренира најмалку 16 часа неделно.

Челзи успеа два пати да биде Светски шампион, а како што вели за неа гимнастиката секогаш била важен дел од нејзиниот живот.

фото инстаграм

„Многу сум среќна што ми беше пружена можност да инспирирам други лица да ги следат нивните соништа! Срушив многу бариери во текот на годините, а и вие можете да го направите тоа! Секој се соочува со предизвици во животот, но разликата е како ќе справите со тие предизвици.“

фото инстаграм

„Мислам дека за сите модели е тешко да се пробијат во модната индустрија. Јас се соочив со многу предизвици во мојот живот, но никогаш не се откажав, вели таа“

Челзи на социјалните мрежи стана многу популарна, и самата е воодушевена поради тоа.

фото инстаграм

Со своите фотографии таа не само што покажа дека сите сме убави на свој начин, туку таа докажа дека луѓето со Даунов синдром не можат и не смеат да бидат запрени во остварување на своите соништа.

фото инстаграм
фото инстаграм

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close