Кафе муабет

Нашата позната водителка се сликаше во ВЕНЧАНИЦА– ЌЕ СЕ ВООДУШЕВИТЕ КАКО ИЗГЛЕДА НА ФОТОГРАФИИТЕ

Водителката позираше во бела венчаница...

СМилена Антовска Станковска е една од нашите најхаризматични и најпопуларни водителки.

фото инстаграм/Милена Антовска-Станковска

Веднаш по завршувањето на студиите имавме можност да ја гледаме пред малите екрани како дел од утринската програма на Канал-5 телевизија.

фото инстаграм/Милена Антовска-Станковска

Воедно, Милена е и првата водителка на оваа емисија која заедно со новинарот и водител Роберт Јанков ја уредуваа програмата.

фото инстаграм/Милена Антовска-Станковска

Водители и новинари доаѓаа и заминуваа но Антовска остана до ден денес доследна и лојална на својата матична Тв куќа.

фото инстаграм/Милена Антовска-Станковска

Милена, своевремено важи и за едно од најубавите и најзгодните тв лица кај нас.

Изминатата година водителката апстинираше од телевизиските екрани, користејќи породилно отсуство по втор пат.

фото инстаграм/Милена Антовска-Станковска

Имено, таа на свет ја донесе нејзината втора ќерка – Јоана.

По пораѓајот со Јоана, водителката за Женски магазин раскажа дека второто породување било доста потешко од првиот пат, а причината била тоа што во моментот кога се породила била заразена со Ковид-19.

Минатиот месец, во октомври, Милена се врати на работа, пред малите екрани, па на социјалните медиуми сподели:

,,Како да не поминала една година. Имав навистина убаво утро и топло добредојде од моите гледачи. Додека не влегов во студио всушност не бев ни свесна дека ова ми недостасувало’’, напиша таа.

Неодамна, Антовска со доза иронија, се обрати до хејтерите:

-Се извинувам на сите што мислат дека е срамота мајка на две деца да носи кратка сукња’’, напиша Милена на Фејсбук.

Социјалните мрежи се дефинитивно место каде таа е навистина секогаш активна.

Споделува дел од своето секојдневие но и многу фотографии со своите обожаватели.

Па така, во една од неодамнешните нејзини објави Милена објави неколку фотографии на кои позира во бела невестинска венчаница под кои напиша:

   

,,Пред 8 години на денешен ден прв пат облеков венчаница за потребите на една фотосесија која што ми е многу драга затоа што ми е меѓу првите откако работам.

Знам дека повеќето од вас ги знаат овие фотографии, ама така некако ми дојде да ги споделам повторно со вас’’, емотивно сподели водителката.

Објавата привлече многу внимание, а  собра и доста реакции од нејзините фанови.

Инаку, Милена е неколку години во брак со Гордан Станковски со кого ги имаат двете ќеркички Лана Марија и Јоана.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close