Кафе муабет
Нашата позната водителка ги поздрави фановите – НИКОГАШ НЕ ИЗГЛЕДАЛА ПОЗГОДНО
Во црн краток фустан водителката изгледа совршено...
Водителката Елена Стојановска имаме моѓност да ја гледаме на утринската програма на Сител телевизија како еден од водителите на ,,Ја сакам Македонија’’.
Секогаш одмерена, културна , пристојна, водителката плени со својот шарм и природна убавина.
\
Покрај медиумската популарност Елена е активна и на социјалните мрежи каде постојано постира содржини за своите следбеници.
Водителката постојано потенцира дека семејството е она кое ја прави среќна и исполнета.
,,Многу сакам дружби и не кријам дека ги негувам другарствата” , ќе каже Елена во една прилика.
Таа важи за една од најубавите и најзгодни жени во медиумскит простор кај нас.
Во некои прилики отворено зборува за тоа како го негува својот изглед.
„Сите кои ме познаваат знаат дека со спортот сум на вие. Вежбам кампањски и никогаш не се претворив во некој спортски тип. Најчесто место член јас сум спонзор на теретаната затоа што ќе платам членарина и не одам. Но, сакам да пешачам и мислам дека тоа многу ми помага“, кажа Елена за „Женски магазин“.
За нејзината беспрекорна кожа како што вели е задолжена честата нега и труд кој го вложува.
„Во суштина имам само еден ритуал, а тоа е никогаш да не заспивам со шминка на лицето. Инаку, стандардно, лицето го чистам со мицеларна вода, со благи бебешки сапунчиња од ќерка ми и нанесувам богат слој крема затоа што имам сува кожа. Веќе мојата кожа спаѓа во зрела и сега на овие години се обидувам да употребувам посериозна козметика. Но, верувале или не, јас уште не можам да отстапам од детските витамински креми затоа што само така мојата кожа е заситена со влага. Во последно време почнав да ја користам и кремата од полжави , но и серумот на Есте Лаудер за ноќно возобновување. Од корективна козметика многу ја почитувам линијата на Есте Лаудер и Буржоа, од пудра, римел, сенки и моливи. Искрено, не менувам многу и се држам до веќе испробани работи“, откри Елена во интервјуто.
Елена се пробува и во инфлуенсерските води, а доказ за тоа се и нејзините фотографии и соработките со неколку брендови.
Она што паѓа во очи и што задржува големо внимание е нејзината последна фотографија на Инстаграм на која водителката носи кратко, црно фустанче кое совршено ја оцртува нејзината линија.
Во соработка со познат бренд за чевли таа позираше и собра доста рекации и позитивни коментари на објавата.
Па се надеваме дека соработка на водителката ќе биде успешна!