Кафе муабет

Мора да го напушти домот за неколку дена: Карлеуша заминува, го моли Душко да се смират- прави се да го спаси бракот!п

Пејачката заминува на настап во Дубаи...

По семејната драма во животот на Јелена Карлеуша, од ден на ден во јавноста се шират теории и шпекулации дали нејзиниот брак со Душко Тошиќ ќе ја издржи оваа пречка.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Пејачката го пријавила својот сопруг во полиција на 7 јануари, тврдејќи дека ја плукнал и и удрил шлаканица. На познатиот фудбалер му е изречена итна мерка забрана за приближување до Јелена во траење од 48 часа, која во неделата е продолжена на уште 30 дена.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша
Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Сепак, и покрај драмата, Карлеуша мора да си ја заврши работата, па по концертот пред Собранието на Република Србија, за Нова година, се подготвува за настап во Дубаи.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Популарната пејачка вчера ги извести сите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм дека нејзиното „дружење“ со странската публика наместо на 14 јануари ќе се одржи на 21 јануари.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Настапот беше одложен само за 7 дена за да се исполнат сите технички услови! – истакна Ј.К.

Хаосот што настана на Божиќ, кога Јелена Карлеуша го пријави Душко Тошиќ во полиција за насилство, сепак полека стивнува. Пејачката наводно има желба да оди со него во потоплите краишта и да се обиде да ја зачува брачната заедница. Ова за „Курир“ го потврдил нивниот заеднички пријател, кој инсистирал да остане анонимен.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

– Можам да ви кажам дека страстите се смирија. Сè е повторно во ред. Полека се заборава напнатоста која постоеше претходните денови. Јелена се подготвува за настапот и сакала Душко да оди со неа. Засега не се знае дали Душко ќе патува со неа, но дефинитивно со децата ќе замине на одмор во Дубаи, традиционално во февруари. Оваа ситуација, која воопшто не била сјајна, многу ги вознемирила, но, колку што гледам, сфатиле дека од кавгата нема ништо и дека се може да се реши на мирен начин. И двајцата беа многу напнати, лути еден на друг, а наследничките успеаја да ги смират на вистински начин. Тоа ќе помине. Тие издржаа многу поголеми бродоломи. На сите им е жал за се што се случи и што надлежните мораа да интервенираат на најрадосниот христијански празник – вели пријателот на Јелена и Душко.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

– Јелена дава се од себе за да го спаси бракот. Ниту еден не споменува развод. Таа сметала дека е најдобро заедно да отпатуваат во Дубаи. Тоа би било одлична прилика да се средат работите, но ќе видиме дали ќе има заедничко патување, бидејќи на Душко му е забранет пристап од триесет дена. Карлеуша патува во среда и најверојатно ќе остане десетина дена. Овој настап и е многу важен. Таа жена многу издржа на својот грб, но работата и семејството и се на прво место. Ние пријателите сме убедени дека ова патување повторно би ги зближило – заклучува изворот.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Небојша Перовиќ, адвокатот на Душко Тошиќ, истакна дека поранешниот фудбалер негирал дека ја удрил сопругата Јелена Карлеуша и апелираше семејството Карлеуша-Тошиќ да се остави на мира.

Фото Инстаграм/Ника Тошиќ
фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

– Господинот Тошиќ беше испрашуван и сослушан. Тој негираше дека го сторил делото. Сите написи што беа во весниците, каде што се зборуваше за се, мене ми личат на еден разговор. На тоа треба да му дојде крајот и да се остави на мира, па семејството да живее во љубов, мир и кавга, како што живеат сите други семејства. Свесни сме дека тие се исклучително популарен пар, бидејќи оваа сцена не е голема, но избувна во јавноста – изјави адвокатот.

Фото Инстаграм/Ника Тошиќ
Фото Инстаграм/Ника Тошиќ

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close