Кафе муабет

Момчето што го изврши масакрот нема кривично да одговара?! НЕГОВИОТ ТАТКО е познат доктор и од угледно семејство…

Таткото на момчето е уапсен, а приведена е и неговата мајка

Момчето од седмо одделение во училиштето во Белград кое утрово со пиштол уби осум ученици, како и работник на обезбедувањето, а шест ученици како и наставничката по историја тешко рани, не може да биде кривично одговорен, пишува српскиот Курир.рс

Според законот за малолетни извршител на кривични дела и кривично правната заштита на малолетни лица, момчето е кривично неодговорен бидејќи се уште нема навршено 14 години од животот.

В.К. е таткото на момчето и важи за угледен доктор кој до пред две години работел на Институтот за кардиоваскуларни болести Дедиње во Белград. Тој е уапсен и му е одредено задржување до 48 часови заради сомнеж дека извршил кривично дело Тешки дела против општата сигурност.

Како што пренесуваат медиумите, В.К. потекнува од угледно семејство, а синот што го направи масакрот го добил во првиот брак.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Курир.рс

Потсетуваме, К.К. (14) утрово пукаше во основното училиште Владислав Рибникар при што уби девет лица и рани шест деца и една наставничка.

Тој по масакрот самиот се пријави и предаде на полицијата, по што во станицата во присуство на работник од Центарот за социјална работа му беше земена изјава и му беше извршен лекарски преглед, по што Центарот ќе одлучи кои мерки од својата надлежност ќе ги преземе.

Фото: Принтскрин/ Твитер

Исто така наложено е од него да се земе крв заради токсиколошки анализи, за да се утврди дали за време на извршување на кривичното дело бил под дејство на алкохол, наркотик или некои други психоактивни супстанца.

Воедно се испитуваат и сите околности од овој случај, како дошол до пиштолот, како и мотивите за ваквиот страшен злочин.

Како што пренесуваат медиумите, според информации што ги дознале на лице место, момчето важело за мирно дете и одличен ученик.

Фото: Приватна архива

Каква казна го очекува ученикот што пукаше ?

Како што објавија медиумите, лицето што го изврши масакрот најверојатно ќе заврши во поправен дом во следните четири години.

Бидејќи станува збор за малолетно лице, може да му се изрече воспитна мерка. Таа вклучува до четири години во воспитно поправен дом доколку лицето е психичко-физички здраво, или ако не е, до три години во специјална установа за лечење и оспособување, пишува „Информер.рс“.

Како што пренесува споменатиот медиум, според зборовите на адвокатот Иван Чедомировиќ, гледано строго според законот, доколку момчето биде психофизички здраво, би можело да се најде на слобода за две до три години. Од друга страна, доколку се процени дека за неговата психофизичка состојба е неопходно подолг престој во специјална установа тогаш ќе му биде изречена мерка за престој се додека е потребно.

И кога ќе наполни 21 година ќе биде преселен во специјална затворска болница во рамките на Централниот затвор во Белград.

Извор: Курир.рс, Независне.рс, Информер.рс

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close