Дом и семејство

МОМЧЕТО ХЕРОЈ: Ја спаси сестра си од куче кое ги нападнало и доби лузни- благодарение на докторите заздравува- еве како изгледа сега!

Шест месеци по нападот од куче лузните на Бриџер заздравуваат...

Приказната за малиот херој Бриџер Вокер, од Чејан, Вајоминг, брзо се рашири на социјалните мрежи.

фото инстаграм

Имено тој го ризикуваше животот за да ја спаси помладата сестра од кучето што ги напдна во јули 2020 година и претрпе неколку кснувања по главата и лицето. Малиот Бриџер веднаш бил префрлен во болница каде доби 90 конци.

Неговата тетка ја објави оваа сторија на Инстаграм со опис:

фото инстаграм

“Мојот внук е херој кој ја спаси помладата сестра од напaд на куче. Тој застана пред неа и го остави кучето да го кaсне само за да ја спаси”.

На прашањето како се одлучил на овој потег, Бриџер изјавил:

„Ако некој требаше да уmре, мислев дека тоа сум јас“. Откако кучето го нaпаднало, тој ја фатил сестра си за рака и почнал да бега.

фото инстаграм

За среќа лузните на Бриџер зараснуваат, и сега шест месеци по нaпадот речиси ништо не се познава на неговото лице благодарение на помошта на тимот познати лекари кои доброволно се пријавија да го лекуваат откако ја слушнаа неговата приказна.

Бриџер инспирираше и во време кога толку многу негатива го опкружуваше светот, тој даде надеж. Моја најголема привилегија е да се обидам да помогнам и иако неколкумина од нас може да добијат кредит, оваа приказна е повеќе за дерматолошкиот свет што се здружува за да му помогне на малото момче кое е навистина херој, рече д-р Банусали, кој со ласер ги отстрани лузнитe од лицето на Бриџер.

 

фото инстаграм

 

По втор пат се лекуваше во октомври 2020 година кај др. Моган, кој рече:

– Бриџер е таква инспирација во овие тешки времиња.Неговата храброст заслужува признание. ффото инстаграм[/caption]

– Др. Бханусали и јас сме благословени што бевме дел од неговото закрепнување и се чувствуваме привилегирани што можеме да ја користиме нашата експертиза за да им помогнеме на неговите лузни да зараснат најдобро што можат “, додаде тој.

Неговата тетка изјави дека семејството останало во контакт со сопственикот на кучето и рече дека тие се „одлични луѓе кои не биле ништо друго освен љубезни со Бриџер и неговото семејство“.

 

фото инстаграм

– Ние воопшто не чувствуваме огорченост кон нив, само се зголеми љубовта меѓу нашите семејства како резултат на овој проблем – додаде таа.

Еве како изгледа Бриџер шест месеци по нападот…

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close