БракКафе муабет

Младоженец исчезна на денот на свадбата – семејството во очај, а невестата ги шокираше сите

На крајот, стана јасно дека тој не исчезнал под мистериозни околности, туку дека намерно избегал од сопствената венчавка...

Позната поговорка вели, ако животот ви даде лимон, вие направете лимонада. Токму тоа го стори една невеста од Индија, кога нејзиниот младоженец неочекувано исчезна пред венчавката.

Инцидентот се случи во понеделникот во Махарајпур, во индиската држава Мадја Прадеш. Несудената брачна двојка само си разменила венци со цвеќиња, како што налагаат обичаите, кога младоженецот исчезнал.

Во тоа време, семејствата на двојката се подготвуваа за главната церемонија.

Невестата се шокираше кога дозна дека нејзиниот свршеник исчезнал. Членовите на семејството во паника го бараа младоженецот, но не можеа да го најдат никаде.

На крајот, стана јасно дека тој не исчезнал под мистериозни околности, туку дека намерно избегал од сопствената венчавка, иако неговите причини за тоа сè уште не се познати, објави „News week“.

Откако не го пронајде младоженецот, еден од гостите од негова страна предложи венчавката да продолжи, но овој пат со друг маж. Семејството почна со барање потенцијални сопрузи меѓу оние кои биле на венчавката и го избрале соодветниот младоженец за својата ќерка.

Така, невестата се омажи за друг човек на истиот настан.

Нејзиното семејство по венчавката поднесе жалба против младоженецот кој ја напушти венчавката и неговото семејство.

– Добивме жалба за ова и од невестата и од младоженецот. Додека од страната на невестата бараа соодветна акција против младоженецот и неговото семејство, таткото на младоженецот Дармапал во својата жалба побара помош од полицијата за пронаоѓање на исчезнатиот син. Истрагата продолжува – изјави полицијата.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close