Кафе муабет

МИСИЦАТА КОЈА ДОЖИВЕА ПЕКОЛ: Поранешното момче ја злоставувало, истури киселина врз неа но после 400 операции докажа дека чудата се возможни

Денес е среќна и заљубена...

Кејти Пајпер е жената која дефинитивно е роден борец а нејзиниот живот допрва започнува.

Фото Инстаграм/ Кејти Пајпер

Таа беше мис и модел на врвот на нејзината кариера кога нејзиното момче најми професионалец да ја полие со киселина.

Фото Инстаграм/ Кејти Пајпер

Досега имала околу 400 операции, а последната во низата, трансплантација на кожа на десниот очен капак, била извршена неодамна. За среќа, успешно.

Фото Инстаграм/ Кејти Пајпер

Денес после се гласно зборува за она што го доживеала за да им помогне на жените кои биле жртви на некаков облик на насилство.

Фото Инстаграм/ Кејти Пајпер

Во 2008 година, Кејти имаше се за што сонуваше – беше на врвот на кариерата, ја освои титулата мис Винчестер, работеше како водителка и модел, заработувајќи огромни пари… а потоа, во еден момент , сè и се сруши и тоа поради оној на кој најмногу и веруваше.

Фото Инстаграм/ Кејти Пајпер

Нејзиното тогашно момче, Даниел Линч, во напад на љубомора ангажирал професионалец кој ја полил Кејти со сулфурна киселина, а по овој монструозен чин кожата на лицето целосно и се стопила, коските и биле оштетени, го изгубила видот на едното око, а повредени и биле очите и делови од раката.

Фото Инстаграм/ Кејти Пајпер

Сепак, тоа не беше се. Непосредно пред грозоморниот настан, Даниел ја си-лувал и малтретирал цели 8 часа. Нападот со киселината беше само „завршување на неговата одмазда“.

Фото Инстаграм/ Кејти Пајпер

Напаѓачот мирно одел по улицата додека не наишол на Кејти, а потоа фрлил киселина врз неа. Девојката во агонија втрчала во првото кафуле каде гостите ѝ дошле на помош.

Фото Инстаграм/ Кејти Пајпер

Повредите биле страшни, а фотографиите направени околу една година по инцидентот сведочат за состојбата во која се наоѓала Пајпер.

Фото Инстаграм/ Кејти Пајпер

Првиот пат кога сфатила дека мора да застане цврсто на нозе и јавно да зборува за се е речиси 2 години по ужасниот инцидент.

Фото Инстаграм/ Кејти Пајпер

Откако се сокрила од луѓето и паничниот страв од мажите, сфатила дека мора јавно да зборува за се и да им помага на другите жени кои преживеале некаков облик на насилство.

Фото Инстаграм/ Кејти Пајпер

„Се сеќавам на времето кога не сакав никого да видам и не сакав никој да ме види. Се сеќавам колку се плашев од луѓето, особено од мажите. Се плашев од целиот свет. Се сеќавам дека зборувањето за оваа траума беше невозможна мисија во тоа време“, рече тогаш таа.

Фото Инстаграм/ Кејти Пајпер

Многу и помогнало тоа што набрзо по нападот полицијата успеала да го лоцира сторителот н овој грозоморен чин, а потоа бил осуден на доживотен затвор.

Фото Инстаграм/ Кејти Пајпер

Денес, Кејти е инфлуенсер, радио водителка и ТВ-личност и ги користи своите платформи за да им помогне на сите што поминале низ нешто слично. Поради нејзиниот позитивен став, таа ги освои срцата на луѓето ширум светот.

Фото Инстаграм/ Кејти Пајпер

Таа напиша три книги за своето трагично искуство, а во 2011 година беше прогласена за жена на годината.

Фото Инстаграм/ Кејти Пајпер

Иако мислеше дека никогаш повеќе нема да може да има доверба во ниту еден маж, Ричард Џејмс Сатон беше упорен да ја придобие, а двојката го кажа судбоносното „да“ во декември 2017 година на тајна венчавка.

Фото Инстаграм/ Кејти Пајпер

Во меѓувреме добија и две деца, две ќерки, Бел Елизабет и Пенелопе Дијана, а како што вели, кога ќе пораснат ќе им ја раскаже целата приказна.

Фото Инстаграм/ Кејти Пајпер

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close