Кафе муабет
Мила Јововиќ ги покажа ќерките: Најголемата е нејзина копија. Еве и зошто имаат машки имиња!
Мила минатата година стана мајка по трет пат...
Актерката и модел Мила Јововиќ на својот Инстаграм профил се пофали со фотографијата на која позира со ќерката Евер.
Фотографијата на која мајката и ќерката позираат ги воодушеви придружниците на Мила, а гордата мајка се фотографирала со ќерка си откако биле на фризер и направиле нови фризури.
Нови фризури за мајката и ќерката“, напиша Мила во описот на фотографијата.
Оваа објава на Мила Јововиќ предизвика лавина од коментари.
„Мини ти“, „Близначки“, „Неверојатно, идентични сте“, „Кој те клонираше“ беа само дел од коментарите.
Евер зборува три странски јазици, англиски, француски и руски, вежба карате и ги сака филмовите за Хари Потер. Таа глумеше во филмот на Марвел „Црна вдовица“.
Инаку, Мила минатата година стана мајка по трет пат.
Малата Ошин Ларк е најмладото девојче во семејството, потоа Дашиел Едан, додека најстарата е Евер Габо која е вистинска копија на нејзината мајка.
Мила Јововиќ е во брак од 2009 година со режисерот Пол Андресон (54), а се запознале на снимањето на филмот „Resident Evil“.
Двојката решила на своите ќерки да им даде машки имиња, па Евер е шкотско и има значење на силна личност. Името на втората ќерка Габо е создадено со земање на иницијалите на имињата на бабата и дедото на Мила – Галина и Богдан.