Новости

“Ме продадоа како бебе на друго семејство – на моите родители им кажале дека сум починaла- пpиказнатa на оваа девојка ќе ви го скрши срцето!

Младата Романка била продадена на американско семејство кога била бебе

Приказната на 26 годишната Бел Барбу од Јута е за подигнување на свеста со трговија со луѓе.

Пред неполна година таа  дознала дека била продадена на американско семејство, но денес за среќа успеа да ги пронајде своите вистински родители благодарение на добротворната организација Operation Underground Railroad.

Имено кога се родила во октомври 1994 година, лекарите им рекле на нејзините родители дека Бел е болна, и ја задржале во болницата а нејзините родители ги пуштиле дома. Кога се вратиле да ја видат, докторите им кажале дека пoчинала.

 

Belle Barbu | Foto: Operation Underground Railroad

 

Бел раскажува дека сепак една од медицинските сестри решила да им ја каже вистината на нејзините родители но залудно.

Belle Barbu | Foto: Operation Underground Railroad

– Додека заминувале, медицинската сестра потрчала по нив за да им ја каже вистината, дека ме продале а американско семејство. Моите родители ги искористиле последните пари што ги имале за бензин и се возеле до секое сиропиталиште за да се обидат да ме најдат. Но, парите ги снема и по една година тие веќе не знаеле каде да бараат. Како што го обработував она што се случи, едвај дишев, болката на моите родители беше незамислива. Кога им раскажав на моите пријатели, тие беа целосно шокирани, бидејќи секогаш зборував малку за мојот приватен живот – рече таа.

 

Инаку Бел Барбу (26) дозна дека е земена од Романија како бебе и продадена на американско семејство. Таа раскажува дека целиот живот се срамела од фактот дека нејзините родители ја оставиле и дека не ја сакале, но вистината е сепак поинаква.

Растејќи во Америка, воопшто не изгледав како моите русокоси родители. Но, кога имав осум години, тие ми објаснија дека ме посвоиле кога сум била мало бебе, тоа беше огромен шок. Тие ми кажаа дека моето презиме е Барба, дека сум родена во Романија и дека моите родители не ме сакаат. Збунета и засрамена, го криев тоа од сите, но болката никогаш не исчезна – рече таа.

Нејзината врска со посвоителите беше прекината кога се запиша на студии за јавно здравје на Универзитетот Бригам Јанг во Ајдахо во 2013 година и оттогаш тие се целосно отуѓени. Но, таа никогаш не престана да се прашува од каде потекнува, пишува The Sun.

-Во јули 2019 година наидов на Фејсбук група која им помага на посвоените Романци да ги пронајдат своите семејства. Нервозно ги објавив мојата возраст и презиме и се зачудив кога добив некои одговори и тоа веднаш. Сара, жената што ја водеше групата, го препозна моето ретко презиме и само 48 часа подоцна, таа се обрати до мојот брат Моисеј (20) на социјалните мрежи. Сара ги препраќаше пораките меѓу нас и наскоро дознав дека имам сестра Симона (33) и брат Флоријан (29). Тогаш дознав дека мојата биолошка мајка Маргари и татко ми Замбила сега живеат во близина на Рим. Добив толку многу информации за толку кратко време што ми се заврте во главата. 

 

По три недели разговор преку Сара, конечно се јавив на телефон и разговарав со моето семејство. Кога мајка ми стапи во контакт со мене, преку преведувач, почнав да плачам, а наскоро сите бришеа солзи. Постојано велеше дека и е жал и дека секој ден се молат да ме најдат. Во моментот кога преведувачите ми испратија препис, сфатив. Моето семејство беше крајно сиромашно кога мајка ми беше бремена со мене. Живееле во шатори и правеле цигли за пари, што беше неверојатно тешка работа “, рече Бел.

 

 

Таа продолжи да се информира за трговија со луѓе преку добротворната организација Operation Underground Railroad.

Успеала да дознае дека за новороденчињата се плаќаат десетици илјади долари на групи, кои фалсификувале изводи од матична книга на родени и продавале бебиња на агенции за посвојување.

Добротворната организација организираше ДНК тестови кои докажаа дека таа е ќерка на Маргари и Замбила и во ноември минатата година Бел отиде во Рим, каде нејзините родители живеат 19 години.

 

 

– Кога зачекорив во дворот и паднав во прегратките на мајка ми, тоа беше најеуфоричното чувство. Знаев дека сум дома. Со помош на преведувач, мајка ми ми рече дека никогаш не престанала да се надева дека ќе ме види повторно. Таа вечер плачев со часови и поминав четири дена гушкајќи го татко ми и држејќи ја мајка ми за рака. Нивната љубов кон мене беше толку силна и чувствував силна врска со нив. Беше ужасно да се збогувам, се присети таа.

Поради коронавирусот и ограничените ресурси, таа не беше во можност повторно да патува во Италија, но вели дека ќе оди што поскоро.

– Можеби никогаш нема да знам што точно ми се случи како бебе, но се фокусирам на работите што можам да ги направам. Сега работам со организации, вклучително и Operation Underground Railroad, и го раскажувам моето искуство. На сите што ја слушаат мојата приказна им кажувам дека можат да им помогнат на преживеаните од трговија со луѓе донирајќи во добротворни цели и верувајќи во нивните приказни – заклучи таа.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close