Бебе

Мајка се породила во сон: „Кога го подигнав ќебето, бебето лежеше до мене во креветот!“

Необична исповед на една мајка

Младата Ејми Данбар стана вирален хит со своето видео на ТикТок.

Имено нејзината приказна шокираше многумина кога мајката Ејми Данбар го сподели своето искуство од невообичаено раѓање.

фото рингераја.рс

Таа рече дека поминала 12 часа во породилиштето, по што побарала епидурална анестезија поради неподнослива болка и наскоро заспала. Медицинската сестра потоа влегла во нејзината соба и на уредите забележала дека Ејми има силни контракции, но бидејќи не чувствувала болка, сè уште спиела, пренесува „Мирор“.

фото илустрација

– Медицинската сестра ме разбуди и рече дека го изгубила срцевиот ритам на бебето на мониторот и дека треба да се свртам, бидејќи бебето најверојатно само се преместило. Го кренав ќебето за да се свртам на другата страна и останав во шок – бебето беше на креветот. Таа буквално се роди сама додека спиев! Таа силна контракција што ја забележа сестрата беше последна – рече Ејми.

Лекарите и медицинските сестри влетале во собата, бидејќи бебето не плачело, но по прегледот било утврдено дека нејзината состојба е целосно добра.

– Беше страшно, но сè помина добро – вели Ејми во видеото што го привлече вниманието на корисниците на „ТикТок“, а некои се пошегуваа дека девојчето е веќе независно.

Фото: Принтскрин/ ТикТок
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Фото: Принтскрин/ ТикТок
фото илустрација
foto ilustracija

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close