Кафе муабет
Маја Маринковиќ откри се за односот со Дарко: Тој е добар со мене, се слушаме, се е супер…
Вели дека се само пријатели...
Во новото издание на емисијата “Pitam za druga“ гостинка беше и контроверзната поранешна задругарка Маја Маринковиќ, која проговори и за наводите дека е повторно со Марко Јањушевиќ Јањуш.
Во оваа прилика Маја одговараше на прашања од Инстаграм, а во таа прилика откри се за нејзината тајна врска со Дарко Лазиќ, па призна дали е заљубена во него.
– Боже, навистина ние сме само пријатели. Тој е многу добро момче, имам се најдобро да кажам. Не сакам луѓе кои имаат предрасуди за другите, некои луѓе се наоѓаат во неволја… Јас гледам какви се луѓето со мене, Дарко е добар со мене, разговараме, тој е одличен пријател и толку. Луѓето секогаш имаат право да зборуваат и шпекулираат – заклучи Маја.
Инаку фолкерот Дарко Лазиќ по скандалот што се случи неодамна кога возел под дејство на алкохол и дро-га, решил да сврти нова страница и да ги прекине лошите животните навики, но изгледа не успеал.
Имено, пејачот по раскинувањето со Барбара Бобак решил да живее вистински ергенски живот, па почнал да излегува по белградските клубови.
Така на својот Инстаграм профил објави стори и покажа како си поминува во еден белградски клуб а придружуван беше ни помалку ни повеќе од старлетата и поранешна задругарка Маја Маринковиќ.
Судејќи по видеата кои ги објавија на Инстаграм, Маја и Дарко навистина уживаа во меѓусебната забава и друштво, па сето тоа ги подгреа и гласините дека се заедно.
Неодамна соседите на Дарко открија повеќе пикантерии за него.
– Дарко има добра душа, но луда глава. Би дал се за пријателите и семејството, да му се јавиш среде ноќ би ти помогнал, но тој е лош за себе. Се фатил со лошо друштво и нема помош. Мислевме дека ќе го опамети сообраќајката која го уништи неговото здравје но не. Па, тој сè уште продолжува и тоа не му е доволно предупредување. Сите се молевме за него додека беше во кома, се чинеше дека ќе се врати на вистинскиот пат, но залудно, вели еден постар локалец.
– Жал ми е Бранка, таа преживеа сешто со него. Го оплакуваше кога беше во кома и сега повторно се измачува. Нејзе би ѝ олеснило да го стават во затвор за да не размислува, додава тој.
– Отсекогаш бил фин и добар дечко, мислам дека и денес е таков, но го понесе популарноста. Кога се натпреваруваше во Ѕвездите на Гранд сите навивавме за него. Се дружеше со нас и не се однесуваше како ѕвезда. Потоа дојдоа парите и се се смени. Автомобилите секогаш ги сакаше само што положи лудуваше по улиците. Но, кога ќе вклучите повеќе алкохол и дро-га, тогаш настанува хаос. Среќа што досега не убил никого, бидејќи тука нема тротоари, а слабо е и уличното осветлување. Бранка молеше да го продаде моторот и мислам дека веќе не го вози но џабе кога дивее со кола, вели соседот Драган.
Го сакаат Дарко во блиските таверни и продавници, остава добар бакшиш и секогаш е насмеан.
– Не прашува колку чини и секогаш го чести друштвото.Мислам дека тој во последно време е опкружен со погрешни луѓе кои го навлекоа на тие пороци и чуда. Секогаш пиеше многу, но мислам дека не се дро-гираше. Тој исто така има многу долгови колку што слушнав, но тоа не се гледа кога ќе седне во кафеана бидејќи секогаш остава бакшиш и плаќа се. Верувам дека многумина го користат, но тој не е мал и знае да го избере друштвото, истакна келнерката.