Новости

Малата хероина заминува дома: Венко Филипче ја сподели најубавата вест што ќе ја прочитате денес!

По 67 дена поминати во болница, Бехра заминува дома...

Денеска министерот за Здравство во заминување, Венко Филипче, ги сподели најпозитивните вести.

фото Фејсбук/Венко Филипче

Имено тој ја информираше јавноста дека најмалото родено бебе во 2021 година конечно заминува дома по 67 дена поминати на УК за гинекологија и акушерство во Скопје.

фото Фејсбук/Венко Филипче

Малата хероина Бехра беше најмалото родено бебе годинава. Таа се роди со само 665 грама и беше долга 30 сантиметри.

фото Фејсбук/Венко Филипче

По периодот поминат во болница и благодарение на стручниот тим Бехра сега има 2.190 грама телесна тежина.

Оваа прекрасна вест Венко Филипче ја сподели на својот официјален Фејсбук профил.

фото Фејсбук/Венко Филипче

Тој соопшти дека нејзините родители биле неизмерно среќни што нивната ќерка успеала да се избори и денеска конечно ќе влезе во нивниот дом.

фото Фејсбук/Венко Филипче

– Малата Бехра кога се роди тежеше само 665 грама и беше долга 30 сантиметри, таа е најмало бебе во 2021 година. Оваа мала хероина 67 дена помина на УК за гинекологија и акушерство во Скопје, на неонатолошките интензивни одделенија. Со помош на стручниот тим на Клиниката и најсофистицираната опрема Бехра денеска си заминува дома со 2.190 грама телесна тежина. Не може да се опише радоста на нејзините родители кои дојдоа да го земат нивното првенче. На Бехра и посакувам многу здравје, безгрижни детски денови исполнети со многу љубов и среќа, напиша Венко Филипче.

фото Фејсбук/Венко Филипче

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close