Бременост
“Маж може да стане татко на 70 години, а вие не”: Гоца Тржан искрено за борбата за потомство
Не се откажа од желбата да стане мајка...
Гоца Тржан важи за една од искрените пејачки која јавно зборува за секоја тема и не ја ркеи приватноста. Имено таа е во брак со Радомир Новаковиќ од 2015 година а не крие дека сиве овие години минуваат низ тешка борба за потомство.
Таа со сегашниот избраник нема дете, но долги години се обидува да остане бремена. Со оглед на тоа што не и се оствари најголемата желба, таа отворено зборуваше на оваа тема.
-Сакам да им порачам на жените кои сакаат да станат мајки, но имаат сопрузи кои не сакаат да бидат проверени и лекувани, бегајте од таков маж, бидејќи тој не сака дете. Од друга страна, мажите ако се целосно здрави а вие чекате да се случи некоја магија, тоа нема да се случи. Не губете време, бидејќи времето е пресудно за жените. Маж може да стане татко на 70 години, а вие не – изјави Гоца.
– Не се откажав, бидејќи не сум нормална. Тоа е голем тобоган од емоции. Мислам дека ако пробаш нешто, ќе успееш во тоа. Тоа е единствениот начин да се фатиш ред. Исто така, потребно е да имате гинеколог и ембриолог, кои мора да бидат искрени и да ви кажат да не пробувате со сопствените јајце клетки, туку да одите на донација. Исклучително е важно да сфатите дека не смеете да губите време и дека сите чувства се нормални, во кој дури доаѓате во момент кога сакате да се откажете, но треба да се соберете и да ја донесете вистинската одлука заедно со партнерот. Улогата на двајцата родители е многу важна во животот на детето. Им советувам и мајките кои сега имаат ќерки тинејџерки никогаш да не дозволат да абортираат – заклучила Гоца во емисијата К1.