Бременост

“Маж може да стане татко на 70 години, а вие не”: Гоца Тржан искрено за борбата за потомство

Не се откажа од желбата да стане мајка...

Гоца Тржан важи за една од искрените пејачки која јавно зборува за секоја тема и не ја ркеи приватноста.  Имено таа е во брак со Радомир Новаковиќ од 2015 година а не крие дека сиве овие години минуваат низ тешка борба за потомство.

фото инстаграм/ гоца тржан

Таа со сегашниот избраник нема дете, но долги години се обидува да остане бремена. Со оглед на тоа што не и се оствари најголемата желба, таа отворено зборуваше на оваа тема.

фото инстаграм/ гоца тржан

-Сакам да им порачам на жените кои сакаат да станат мајки, но имаат сопрузи кои не сакаат да бидат проверени и лекувани, бегајте од таков маж, бидејќи тој не сака дете. Од друга страна, мажите ако се целосно здрави а вие чекате да се случи некоја магија, тоа нема да се случи. Не губете време, бидејќи времето е пресудно за жените. Маж може да стане татко на 70 години, а вие не – изјави Гоца.

фото инстаграм/ гоца тржан

– Не се откажав, бидејќи не сум нормална. Тоа е голем тобоган од емоции. Мислам дека ако пробаш нешто, ќе успееш во тоа. Тоа е единствениот начин да се фатиш ред. Исто така, потребно е да имате гинеколог и ембриолог, кои мора да бидат искрени и да ви кажат да не пробувате со сопствените јајце клетки, туку да одите на донација. Исклучително е важно да сфатите дека не смеете да губите време и дека сите чувства се нормални, во кој дури доаѓате во момент кога сакате да се откажете, но треба да се соберете и да ја донесете вистинската одлука заедно со партнерот. Улогата на двајцата родители е многу важна во животот на детето. Им советувам и мајките кои сега имаат ќерки тинејџерки никогаш да не дозволат да абортираат – заклучила Гоца во емисијата К1.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close