Кафе муабет
Куќната помошничка ги откри сите детали за бракот на Сека: Ова е вистината за љубовта со Вељко!
Сека Алексиќ денес има две здрави момчиња и не крие колку е горда и колку ужива во родителството...
Жена која пред неколку години била вработена во вилата на Сека во Стара Пазова за тамошните медиуми открила каква е навистина Сека кога не ја снимаат, како и сите детали од врската со сопругот Вељко.
– Многу ме болеше кога за неа пишуваа дека не гледа никој друг освен себе – почнува таа и додава:
– Па, нас кои работевме кај неа за плата, таа ни даваше се и сешто а да не зборуваме за роднините и најблиските – вели поранешната куќна помошничка на Сека и открива дека бракот на Сека Алексиќ и Вељко Пиљикиќ е пример за брак.
– Посебно ми се допадна тоа што со нас работеше се околу куќата. И пеглање, и готвење, и рендање. Да не зборуваме за Вељко! Подготвен е на се, само за да ја израдува Сека. Тој станува наутро пред неа, ѝ го носи кафето во кревет, а потоа подготвува појадок. Тој лета околу неа, а таа само го гушка и бакнува. Верувајте ми, нема жена која би ја погледнал покрај својата Сека. Е тоа како таа живее и каква е, го посакувам на сите на светот. Тоа е рај и идила – завршува изворот за „Скандал!“.
Сека Алексиќ неодамна зборуваше за тешкиот пат за потомство.
Популарната пејачка Сека Алексиќ денес има две здрави момчиња и не крие колку е горда и колку ужива во родителството, и секој момент поминат со нејзините наследници.
– Мојот пат кон потомството не беше лесен, јас сум личност која чекаше седум години да роди дете. Јас и сопругот се боревме седум години да добиеме дете. Ин витро оплодувањето е само 30 проценти.
Направив три ин витро оплодувања, третото успеа, првите две беа неуспешни. Кога ја решивме мојата отпорност на инсулин, беше многу полесно, пиев апчиња четири години, тие помогнаа да се реши тој проблем.
Кога се решивме за третото ин витро оплодување, по совет на мојот духовен отец, отец Никола, и по предлог на друг свештеник, отец Аца, неговиот колега, започнав да го пијам маслото од Свети Нектариј.
Сека откри дека планира уште едно дете.
– Кој знае, посакувам! Знаете дека јас сум со ин витро оплодување и дека мора се да биде темелно испланирано, но ќе видиме следната година, дај Боже. Сакам повеќе деца, најмалку три.