Кафе муабет
Крај на бракот на Јована и Жељко Јоксимовиќ? Пејачот ја извади бурмата- фановите шокирани, важеа за хармоничен пар а сега…
Ја изгубил бурмата на летување...
Кога пред повеќе од десет години Жељко Јоксимовиќ започна љубовна врска со водителката Јована, тоа беше главна тема во сите медиуми.
Заљубениот пар ги разменил брачните завети далеку од очите на јавноста, само во присуство на матичарот и сведоците на Малдивите, а бидејќи при враќањето во Србија имале проблеми со документите, тие уште еднаш се заколнаа на вечна љубов.
Јована и Жељко денес важат за еден од најхармоничните парови а својата вечна љубов ја ветија прво во општината, а потоа и на црковната церемонија која ја одбележаа со гламурозна свадбена веселба на која присуствуваше и нивниот новороден син Коста.
Љубовната приказна на пејачот и водителката привлече големо внимание кај јавноста, која веруваше во нивната бајковита врска.
Една година подоцна, Жељко беше виден на настап во Бања Лука без бурма на раката, што доведе до шпекулации дека меѓу него и Јована е готово, но сепак се случувало нешто друго.
Имено, за време на еден од одморите, музичарот ја загубил бурмата што сопругата му ја ставила на десната рака на првата свадба. Ова се случило во вода, а еве што имаше да каже кантавторот за тоа:
– Вистина е дека ја загубив бурмата и жал ми е што тоа се случи. Можам да ви кажам дека и понатаму ми е чудно без прстен – изјави Јоксимовиќ, кој не остана долго без бурма. Со оглед на тоа што Жељко Јокимовиќ бракот го доживува како нешто свето многу брзо по исчезнувањето на бурмата, нарачал копија, идентична на оригиналот.
Искрите меѓу нив се појавија во 2008 година, кога заедно беа домаќини на „Евровизија“ што се одржа во Белград, а иако во 2011 година се пишуваше за нивното раскинување, на крајот љубовта победи и тие денес ја живеат својата бајка.
Имено, кон крајот на март 2011 година, целата јавност и медиумите беа вознемирени од веста за раскинувањето на Јована и Жељко по три години успешна романса, од никогаш необјаснети причини, ја раскинаа тогашната свршувачка.
Две недели откако Жељко ја запроси Јована и таа прво кажа „да“, парот реши да раскине, а водителката даде изјава.
– Како и секоја врска, така и нашата имаше свои подеми и падови, несогласувања и исклучително убави моменти, но најправедно би било да се каже дека нашата љубов на крајот некако сама згасна. Двајцата се договоривме, разговаравме и донесовме одлука како зрели луѓе кои го делеа животот три години, тогаш беше одлучна Јована.
За среќа, помирувањето дојде прилично брзо. По само две недели, она што се сметаше за „изгасната љубов“ се покажа како пламен кој сепак ги издржува предизвиците. Парот најавил ненадејно помирување, а потоа се пишувало дека помирувањето се случило во Тиват, каде Жељко тогаш имал настап, а Јована итно отишла со приватен лет да го посети.
Целата приказна за раскинувањето денес е далеку зад нив и оттогаш тие никогаш не се разделиле.