Кафе муабет
,,КОГА ЈА СЛУШНАВ ДИЈАГНОЗАТА БЕВ ВО ТОТАЛЕН ШОК’’ – Лила Филиповска емотивно и отворено за БОРБАТА СО КАНЦЕРОТ
Канцерот ми го смени животот...
Позади нејзиното име стои долгогодишна кариера, јавни преписки и многу случувања.
Лила Филиповска важи за една од омилените водителки и Тв лица кај нас.
Една од најубавите и најнегувани жени во Македонија од која жените земаат пример, а мажите остануваат без здив.
И не поминува ниту еден настан, ниту една манифестација без нејзино присуство.
Каде и да се појави шармантната водителка Лила Филиповска ги мами воздишките на присутните и ги фрла во сенка сите присутни.
Заслужено е прогласена за една од омилените телевизиски лица, но таа воедно е и една од најпознатите Македонки на социјалната мрежа Инстаграм каде има преку 200.000 фанови.
Неодамна, водителката отпатува на едно од омилените дестинации на многу познати ѕвезди, и како што тоа обично се случува кога е таа во прашање, не изостанаа ни феноменалните модни изданија…
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Шармантната водителка уживаше на Маурициус, а со своите бројни фанови сподели фотографии на кои позира во преубавo црвенo издание и предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Лила Филиповска неодамна се најде на насловната страница на најновиот број од списанието ,,Убавина и здравје’’.
Во интервју за списанието, водителката отворено и емотивно говори за борбата со канцерот, за лекцијата која ја научила и за вистинските луѓе кои останале околу неа.
Се чувствувам одлично, победнички! Последниот пет-скен покажа дека канцерот се повлекол и дека сум здрава! Имам измешани чувства. На моменти се смеам гласно, па ќе ми надојдат солзи… Повеќе од една година бев во постојана неизвесност и сонував за овој момент кога докторите ќе ми кажат: „Лила, во оваа битка ти си победникот!“ За среќа, го дочекав тоа – изјави водителката за Убавина и здравје.
На прашањето зошто ја споделува својата приказна водителката вели дека многу жени се соочуваат со оваа болест денес и потребен им е ветар во грб.
Фото:Инстаграм/Лила Филиповска
Веќе 25 години ја споделувам мојата интима со публиката, раскажувам за моите патувања, препорачувам производи и сметав дека е чесно да кажам дека се соочувам со сериозен здравствен проблем, дека ми дијагностицираа канцер на дојка и дека болеста не избира! Знаете, кога ја слушнав дијагнозата, бев во тотален шок! Можеби и ќе вриснев, но останав без глас – искрено и отворено раскажува Филиповска за Убавина и здравје.
Фото:Инстаграм/Лила Филиповска
Водителката раскажува дека била во тотален шок кога и ја соопштиле дијагнозата. Се фокусирала на патот и се трудела постојано да остане позитивна.
Среќна сум што имам неколку добри, вистински пријатели кои ми се како семејство, кои беа покрај мене и ми го олеснија патот. Бескрајно сум им благодарна! – вели Лила за Убавина и здравје.