Кафе муабет

Кија Коцкар го потфати Слоба Радановиќ: Ги финансирав сите мажи со кои бев!

Пејачката откри какви момци сака во иднина...

Откако пред речиси пет години се појави во првата сезона на реалното шоу Задруга, Кристина Кија-Коцкар, успеа во она што многумина не го постигнаа – да стане хероина на сите измамени жени и да ја сврти најлошата животна ситуација во своја корист!

Фото Инстаграм/Кија Коцкар

По завршување на реалното шоу и разводот од фолкерот Слободан Радановиќ, Кија ја започна својата музичка кариера, а неодамна го издаде и првиот албум.

Фото Инстаграм/Кија Коцкар

Кија за „Реалити плус“ отворено проговори за своите поранешни партнери, па објасни зошто никогаш повеќе не би си дозволила да ги финансира мажите со кои е во врска.

Фото Инстаграм/Кија Коцкар

Запрашана дали би си дозволила повторно да биде со некој кој не е финансиски стабилен, Кија рече:

фото инстаграм/Кија Коцкар

– Навикната сум на такви ситуации, и тоа не беше еднаш, туку неколку пати. Ги финансирав моите поранешни момчиња, но секогаш завршуваше со тоа што мажите со кои бев ќе се искомплексираа. Не го сакам тоа повеќе во мојот живот и важно ми е секој од моите наредни партнери да има барем 10 динари повеќе од мене и да немаме проблем со тоа. Освен што сум ситуирана, многу сум популарна и на момците им е тешко да се носат со сите овие работи.

фото инстаграм/Кија Коцкар

За потсетување, Кија Коцкар беше во брак со Слоба кога тој јавно ја понижи ја изневер со Луна Џогани.
Кија неодамна откри како се чувствувала поради неверството на сопругот Слободан Радановиќ.

фото инстаграм/Кија Коцкар

– Имаше навистина убави моменти. Концерти, песни, жири, книги, награди, безусловната љубов на фановите. Во суштина, сè се менуваше, малку нагоре, малку надолу, како самиот живот. Што се однесува до јавната сцена, не сакам да го изберам најнепријатното бидејќи не сакам да ми влијае на животот, искрено, што може да биде понепријатно од лагите, а ги имаше милион. Тие немили сцени ги создадоа други луѓе со тоа што ме вовлекоа и мене во сето тоа, но како што ги создадоа, така нека ги носат. Доживеав ужасни работи во мојот приватен живот, но сето тоа е зад мене. Конечно. Почнав да вежбам, ги отстранив сите негативни луѓе од мојот живот и станав најдобрата верзија од себе.

фото инстаграм/Кија Коцкар
ФОТО: Кија Коцкар / Инстаграм

– Згрозена сум. Не гледам повеќе Задруга затоа што сфатив дека тоа е токсично за мене, гледам само ако ме споменат. Жал ми е што телевизијата покажува лош пример што е тоа брак, дека нечија болка се банализира и што за жал на повеќето им стана се’ нормално. Самиот факт што одбив песна каде што се споменува дека се разведувам од некој кажува се. Секој кој поминал низ раскинување или развод знае колку боли, особено кога ќе се збогувате со некој што го сакате најмногу на светот. Затоа ми се превртува желудникот кога некој ќе каже „Па, сите се разведуваат, тоа е нормално“. Не, не е!

фото инстаграм/Кија Коцкар
ФОТО: Кија Коцкар / Инстаграм

-Мојот поранешен сопруг имаше с.к.с на метар од мене во собата во која спиевме 30-тина и во тоалетот каде што подоцна отидов да се истуширам. На крајот на краиштата, напишав сè во мојата книга. Најгрдите работи се случија многу подоцна. Може да прочитате во другата книга.

Фото Инстаграм/Кија Коцкар
фото инстаграм/Кија Коцкар

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close