Кафе муабет

Катарина Грујиќ згрозена: На свадбата добила празен плик- тоа е најглупавата работа!

Пејачката шокирана...

Пејачката Катарина Грујиќ неодамна се заколна на вечна љубов пред Бога на својот сопруг, фудбалерот Марко Гобељиќ.

фото принтскрин

Грујиќ во емисијата „Амиџи шоу“ откри дека добила чаши Версаче од Зорица Брунцлик и Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, подарок од кој што била воодушевена, а на прашањето кој бил најглупавиот подарок што го добила, пејачката признала:

фото инстаграм/Катарина Грујиќ

– Знаете што е проблемот, не знам кој го донесе. Најглупаво беше што добивме празен плик, а имаше дваесетина непотпишани. Еве, најглупавиот подарок е тој празен плик. Добро е што имаше само еден таков – призна пејачката.

фото принтскрин

Пејачката Катарина Грујиќ неодамна му се заколна на вечна љубов пред Бога на својот сопруг, фудбалерот Марко Гобељиќ, а за гала свадбената веселба се уште зборува.

фото инстаграм/Катарина Грујиќ

За свадбата пејачката и фудбалерот сериозно го отвориле ќесето па на гостите им била послужена најскапата храна и пијалоци, како и торта од 15 ката, а невестата носеше фустан од 20.000 евра.

фото принтскрин
фото принтскрин
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Да потсетиме, откако ја започна својата кариера во „Ѕвездите на Гранд“ во 2010 година, Катарина Грујиќ стана една од најатрактивните пејачки.

Таа денес се повеќе ги привлекува воздишките на машкиот дел од публиката со витката става и убавото лице.

фото Курир.рс

Сепак, не секогаш изгледала така неодоливо. Кога сакала да промени нешто на себе и да изгледа попривлечно, не жалела за парите кои ги дала на пластичен хирург.

фото Курир.рс

Пејачката го оперирала носот и ги корегирала тенките усни.

фото Курир.рс

Таа отиде под нож и за зголемување на градите, а на извајаниот задник и убавата кожа може да се заблагодари на козметичките третмани.


Пејачката денеска ја краси и холивудска насмевка, за која се погрижија стоматолози, за која и самата зборуваше претходно.

фото Курир.рс

Ката вложува многу во својот физички изглед, а естетските хирурзи се едни од нејзините омилени соработници. Како што е познато, откако пејачката ги среди градите, усните и забите, замина на намалување на маснотиите на бутовите, и отстранување на целулитот, најголемиот кошмар на сите жени.

фото инстаграм/Катарина Грујиќ

-Ката редовно оди на разубавување на лицето и телото и ги следи сите современи методи. Така таа не жали пари па пред неколку години посетила приватна клиника каде и го извадиле салото од бутовите, а воедно и го отстраниле целулитот. Неуредниот начин на живот и нездравата исхрана на Ката се рефлектираа на тој дел од телото, но таа ги среди нозете за лето со само неколку ласерски третмани, истакна тогаш извор близок на пејачката.

фото инстаграм/Катарина Грујиќ

Сега таа е презадоволна од својата трансформација, а доказ за тоа се бројните селфи фотографии кои ги објавува на социјалните мрежи, но и зборот „кукла“ кој го додала до своето име на профилите што ги користи.

фото инстаграм/Катарина Грујиќ
фото инстаграм/Катарина Грујиќ
фото инстаграм/Катарина Грујиќ
фото инстаграм/Катарина Грујиќ

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close