Кафе муабет
Карлеуша очајна: “Децата ме обвинуваат за се”, pоп- дивата прозборе за разводот од Душко, нема да верувате што и рекла Aтина
Таа е виновна за се...
Со оглед на тоа што нејзината постара ќерка Атина сака да стане фотомодел, а пред неколку дена ја имаше првата официјална модна ревија, медиумите се интересираа како поп-дивата Јелена Карлеуша реагирала откако нејзината постара наследничка прошетала по пистата.
– Атина сака да биде модел и мој совет до сите родители е да не им ги кршат крилјата на децата. Да ги остават да си ја изберат професијата и да им бидат само ветер во грб, како што мене ми беше мајка ми. Тие се многу специфични девојки. Атина пред некој ден ми кажа дека јас сум виновна што таа и Ника биле препознаени во јавност и дека не го сакале тоа.
– Сега јас сум виновна за се, но мислам дека со тек на времето тоа ќе им значи и ќе им помогне. Атина го затвори својот Инстаграм профил на кој имаше десетици илјади следбеници само поради таа несакана популарност.
Иако до сега медиумите неколку пати пишуваа за нејзиното напуштање на семејниот дом, сепак Карлеуша јасно кажа дека таа и нејзиниот сопруг живеат под ист покрив, но дека не сака да каже ништо повеќе на оваа тема, за да не дојде до ситуација неговиот адвокат да дава разни изјави.
Она што е сигурно е дека Душко ќе и замери на неговата се уште официјална сопруга, Јелена, поради реалното шоу.
Поп дивата откри дека подготвува нешто необично, во нејзин стил, а овој проект бара многу труд и пожртвуваност, па со оглед на тоа што албумот се уште не е готов, реалното шоу на Карлеуша засега ќе почека.
Таа потврди дека доаѓа нешто големо, коментирајќи дека ќе ги уништи сите други слични проекти.
-Ќе направам емисија која ќе биде многу гледана каде и да се емитува, погледана, отколку, на пример, „Ѕвездите на Гранд“, сигурна сум – искоментирала Јелена во свој стил и ги оставила обожавателите со нетрпение да ги очекуваат нејзините нови деловни потфати.
Душко не е вистински маж
Јелена Карлеуша често истакнуваше дека сè што јавноста знае за неа всушност не е вистина. Дека приватно е многу поинаква, понежна и како што самата вели „досадна личност“.
Поп дивата во едно емотивно интервју откри детали за себе кои малкумина ги знаеле, спомнувајќи го нејзиниот сопруг Душко Тошиќ.
-Кога реков дека мажот мора да е лажен, мислев дека никогаш не смее да ги покажува своите вистински бои, своето вистинско лице. Моето вистинско лице е сето она за што јавноста на Балканот не ни сонува. Никој навистина не ме познава. Единствената што ме познаваше беше мајка ми, можеби моите деца, а не мојот сопруг. Јас, всушност, сум измамник на шоубизот. Бидејќи сè што мислат луѓето за мене, не е така. Извртена слика на жена која мораше да биде пет пати подобра од сите други за да има шанса воопшто. И тогаш се претвора во трка со самата себе, опсесија со его. Сликата што беше испратена за мене не е добра – искрена беше Јелена.
Меѓутоа, во едно големо интервју таа откри дека ниту еден маж никогаш не ја заштитил од вербални напади, вклучително и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, со кој е во процес на развод.
– Ниту еден човек никогаш не ме заштитил, вклучително и мојот. Секогаш ме навредуваа, ме понижуваа, а никој не помисли да ме брани како жена. Одбрана доживеав само од жени. И благодарам за тоа. Како општество ја нагласуваме борбата против насилството врз жените. Па зошто тоа не се применува кога се работи и за мене – рече Јелена и додаде:
– Кој ќе го преживее тоа што го преживеав јас, веќе не чувствува болка, удари, понижување, или тага… Чувствува само желба да преживее и многу често за одмазда, за жал – искрена беше Јелена.