Кафе муабет

Истанбулската невеста блеска од среќа покрај човекот што ѝ го украде срцето – НИКОГАШ не изгледала поубаво, конечно ужива во љубовта

Немаше среќа во љубовта се додека не го сретна овој богат човек

Каде е денес и како изгледа „Истанбулската невеста“

Познатата турска актерка Асли Енвер која важи за една од најплатените актерки во Турција и која се прослави со серијата „Истанбулската невеста“ иако се уште е млада, зад себе има бурен живот полн со подеми и падови.

Таа како мала живеела во Англија каде победила на конкурс за песна во Лондон, а настапувала и во црковниот хор.

Заради дислексија и проблемите поврзани со неа Асли како мала мислела дека нема да има пријатели и дека нема да биде успешна во работата. Но откако пораснала и се едуцирала се променило и нејзиното мислење, така што денес на дислексијата не гледа како голем животен проблем.

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

„Тоа е само отежнувачка околност со која што се носам, а вистински проблеми се болест, немаштија или губиток на некоја сакана личност“, изјави таа во една пригода. Таа не крие дека улогата во „Истанбулската невеста“ и помогнало многу во животот, а потоа следувала и улогата во „Сулејман Величествениот“ во која играше со најголемите актерски ѕвезди од Турција.

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

Но за разлика од нејзината кариера која се движи по угорна линија, таа немаше многу среќа во љубовниот живот.

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

Три години беше во брак со колегата Биркан Сокулу, а потоа вербата во љубовта и ја врати музичарот Мурат Боз во кого се заљуби додека работеше на снимањето на филмот „Мојот брат“. Но по три години врска, турските медиуми објавија дека музичарот ја оставил, по што тие имаа уште еден обид, но во 2018 дефинитивно ставија точка на нивниот однос и решија да се разделат.

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

„Претешко беше кога се разделивме. Тоа е најлошо во врската, но тешко е и кога вашиот партнер не може да ве разбере на вистинскиот начин. Секоја врска е поинаква, но најважно е лицето со кого сте во врска најпрво да го гледате како човек, а не како момче или девојка. Тоа е најдобар начин да поставите темели за здрав однос“, изјави бринетата која призна дека до следниот брак не би сакала да живее со маж бидејќи мисли дека нивната љубов на тој начин би се потрошила, а проблемите би останале нерешени.

„Би сакала да создадеме семејство“ изјави „Истанбулската невеста“ во една пригода и додаде дека е повеќе од сигурна дека конечно го пронашла вистинскиот маж.

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

Имено, по бројните љубовни бродоломи, убавата турска актерка ги изненади сите на Инстаграм со фотографиите со кои потврди дека ќе се мажи за бизнисменот Беркин Гокбудак. Тие се венчаа во интимно опкружување во близина на најблиските пријатели и семејството, а фотографиите што Асли тогаш ги објави се уште кружат на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер
Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

Инаку, Асли во „Истанбулската невеста“ ја глумеше скромната и добродушна Суреја, талентирана музичарка која живее со својата тетка, која е нејзина единствена роднина. Нејзиниот живот засекогаш ќе се промени откако ќе се вљуби во Фарук Боран, богатиот и згоден деловен човек чие семејство е едно од најстарите и најбогатите семејства во цела Турција. Нивната љубов која пркоси на обичаите од средината во која што потекнуваат, ќе помине низ голем број искушенија, се додека истанбулската невеста не биде потполно растргната помеѓу традицијата и модерниот свет во кој што живее.

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close