Новости

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПОЗДРАВ: Оваа жена пронајде начин како да им се оддолжи на здравствените работници за лавовската борба за време на пандемијата од Ковид-19!

Сака да помогне на оние кои се најизморени од пандемијата

Вивес Енде Пожеко пред три дена на социјалната мрежа Фејсбук отвори група и се обрати до сите здравствени работници кои се во првите борбени редови од почетокот на пандемијата со коронавирусот, и се грижат за пациенти заболени од Ковид-19.

foto eZadar.hr

 

Тоа е група наменета за лекари и медицински сестри кои се грижат за пациентите заболени од коронавирусот, а целта на групата е да им се обезбеди бесплатно сместување каде тие ќе можат да се одморат и накратко да го заборават мрачното секојдневие во кое се наоѓаат од почетокот на март годинава.

 

Вивес била инспирирана од разговорот со нејзината пријателка Даниела Краљ, која е медицинска сестра и работи со пациенти заболени од Коронавирус во болницата Дубрава.

Секој пат кога разговарала со неа, таа била трогната и сакала да и помогне на некој начин, но не знаела како.

Бидејќи Вивес е изнајмувач на апартмани, таа и понуди бесплатно сместување.

foto https://varazdinski.net.hr/

“Таа ме допре толку многу и јас само размислував како можам да и помогнам. Потоа се сетив дека, веќе имам слободен апартман, и и понудив да се одмори, да излезе од гужвата во која е секој ден и и реков да оди кога може и да остане колку што може. Се разбира, да ја почестиме а не да и наплатиме за тоа “, рече Вивес Енде-Пожеко, додавајќи дека секој што работи со такви пациенти прави голема жртва и дека тоа не се нормални услови за нив.

 

Само за работници во првите редови

 

Откако и понудила сместување на својата пријателка, таа ја прашала што мисли за тоа таа идеја да ја сподели со останатите нејзини колеги.

“Предложив да сместуваме само медицински работници кои се во првите борбени редови од самиот почеток на пандемијата. Даниела рече дека тоа е одлична идеја, ја отворив групата преку ноќ и поканив колеги”, вели таа.

Што се однесува до медицинските работници, засега  во групата се само оние од Загреб, но Енде-Пожеко вели дека би сакала да ја прошири идејата низ цела Хрватска.

 

foto jutarnji.hr/

 

„Ние ги сакаме Риека, Осиек, Сплит … Каде и да има луѓе кои работат со пациенти заболени од корона“, заклучи Вивес и рече дека без поддршката од нејзината пријателка Даниела оваа идеја немаше да постои.

Извор: Index.hr

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close