Дом и семејство
“Им забранив на децата да гледаат телевизија и да користат мобилен”- Ана Ивановиќ открива како ги воспитува децата!
Ана Ивановиќ вели дека не поминува време на електронски уреди...
Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ многу ретко зборува за својот приватен живот.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/12/112915248_3982993281716152_1304816285295653131_o.jpg)
Таа ја чува приватноста далеку од очите на јавноста, но одвреме навреме на социјалните мрежи знае да постави фотографија од неа и нејзиниот сопруг.
Сепак Ана не е од оние мајки кои постојано објавуваат фотографии од своите деца, па јавноста речиси и не знае како изгледаат нејзините синови Лука и Леон.
Имено Ана и Бастијан Швајнштајгер се во брак од 2016 година, а имаат и две синчиња.
Убавата тенисерка сега откри како ги воспитува своите деца и како се снаоѓа во време на пандемија.
– Јас сум мајка која не дозволува децата да имаат iPad, iPhone или телевизор, ништо не се гледа во нашата куќа. Ги стимулирам многу да читаат, да работат. Не е секогаш лесно да се организира еден ден, особено кога немате можност да ја напуштите куќата, но јас се обидувам да бидам креативна во сето тоа – изјави Ана за емисијата „Спортлајт“.
– Не гледам телевизија, не користам iPad, добро, морам да имам телефон …
Навистина, не трошам многу време на електронски уреди. На децата им треба љубов. Децата се иднината. Не им требаат многу играчки, материјални работи, колку што им треба внимание и љубов, а само родителите можат да ги обезбедат тие работи на вистински начин – додаде таа.
Во продолжение неколку фотки од Ана и Бастијан…