Кафе муабет

Изненаден сум… : Се огласи Точни Хулиќ по веста дека неговата ќерка е бремена од Петар Грашо!

Незнае како веста излегла во јавноста...

Откако на големо се пишува за бременоста на неговата ќерка Хана Хулиќ, која е во врска со 14 години постариот Петар Грашо, се огласи и музичарот Тончи Хуљиќ.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

Имено тој беше изненаден што оваа информација се најде во јавноста.

Како што истакнува самиот Тончи, за се биле информирани само најблиските членови на семејството и пријателите, пренесува Вечерњи.хр.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ
Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

– Продолжувајќи ја сегашната ситуација и безброј повици, можам да кажам само две работи: под еден, се надевам дека и мојот син наскоро ќе ме изненади со една ваква вест. А под два, ние навистина не сме ријалити семејство, не се трудиме да полниме портали и да ја малтретираме јавноста со нашите приватни животи – истакна Хуљиќ и додаде:

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

– Не се сметаме себеси за посебни и различни од другите луѓе за да ја заинтригираме јавноста до тој степен. Затоа ова е се што можам и сакам да кажам на оваа тема и сигурен сум дека моето мислење го делат сите кои сега се дел од семејството.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

Веста ја потврди и самата Хана откако почнаа да кружат гласини за породувањето.

фото инстаграм/Петар Грашо

„Информациите се точни, среќни сме и возбудени, но ништо друго не би коментирала, би сакала некои работи да останат наша приватност“, изјави Хана за Јутарњи лист, наведувајќи дека е бремена околу 12 недели.

Фото Инстаграм/Петар Грашо
Фото Инстаграм/Петар Грашо

На крајот на минатата година се шпекулираше дека парот планира свадба, а потоа се пишуваше дека Хана веќе знаела кој ќе ја дизајнира нејзината венчаница.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Двојката пред неколку дена беше видена како се шета по западниот брег на Сплит во друштво на мајката на Хана, Вјекослава Хуљиќ, и изгледаа среќни и добро расположени.

Фото инстаграм/Петар Грашо

“Ние сме многу среќни и задоволни. Така треба да биде. Со Хана ни е многу добро и ние сме среќни”, изјави неодамна пејачот во едно интервју.

Фото Инстаграм/Петар Грашо
Фото Инстаграм/Петар Грашо

„Ние ги живееме нашите животи и важно е луѓето околу нас да бидат задоволни и сите да бидат спокојни“, додаде тој.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Потсетуваме дека за нивната врска се дозна во октомври минатата година.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

45-годишниот пејач и 14-години помладата Хана во 2016 година соработуваа на песната Heart for a Guide, а Грашо со години е многу близок со нејзините родители кои не кријат дека ја поддржуваат нивната врска.
Грашо пред да биде во врска со Хана, 24 години беше во врска со Данијела Мартиновиќ.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close