Кафе муабет

Иако е во осмиот месец од бременоста таа никогаш НЕ изгледала поубаво – Луна ги “запали” социјалните мрежи облечена во тесно фустанче со стомакот во преден план

Таа веќе влезе во осмиот месец од бременоста а познат е и терминот за породување...

Луна Џогани и Марко Милјковиќ наскоро ќе се остварат во улога на родители и не кријат дека со нетрпение го чекаат тој ден.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Таа веќе влезе во осмиот месец од бременоста а познат е и терминот за породување.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Нејзината мајка Анабела Атијас екслузивно за српските медиуми неодамна откри кога ќе биде породувањето и како идната мајка се чувствува.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
фото инстаграм
фото инстаграм

– На Луна и е супер. Одмара… Има уште осум недели до терминот до породување. Едвај чекаме, изјавила Анабела што значи дека нејзината наследничка би требало да се породи во втората половина од јуни.

Инаку Луна е многу активна на социјалните мрежи и постојано објавува фотографии кои не можат да поминат незабележано, посебно кога ќе го истакне своето занесно тело.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Таа сега ги изненади сите со новата објава на својот Инстаграм профил. Имено, Луна сподели фотографија во краток црн фустан кој ја следеше нејзината линија на телото, но и го истакна трудничкиот стомак.

Нејзините обожаватели коментираа како таа никогаш не изгледала поубаво, и нема сомнеж дека бременоста и годи.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Пред извесно време Луна прозборе и откри зошто се повлече од медиумите.

– И дадов премногу на јавноста во изминатите неколку години. Душата ми беше распната на крст. Затоа во овие изминати скоро девет месеци си дадов за право да бидам среќна затоа што го заслужив тоа – изјави ријалити sвездата.

– Си дадов за право да се обидам да го вратам мојот мир. Никогаш не можам да имам мир и спокој каков што имав пред реалното шоу, но сега го вратив колку што можам. Одамна не давам интервјуа затоа што не можам да издржам 106 различни прашања во рок од пет минути.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

– Новинарите сè уште ми се јавуваат, но ќе се вратам таму каде што застанав кога ќе заврши бременоста. Нема да бидам засекогаш надвор од медиумите – додаде Луна.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

-Не знам дали ќе се вратам на музиката, модата или рекламите. Имав многу понуди да бидам заштитно лице на некои брендови, но морав да ги одбијам поради бременоста. Сепак, сето тоа ме чека кога ќе се породам и морам да признаам дека ми недостига да работам, да бидам средена и нашминкана, затоа што не сум личност што може да седи без работа долго време – рече Луна.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

– Многу добро се сеќавам кој ме почитуваше, а кој не, па затоа знам на кого ќе дадам изјава кога ќе се породам.  Сè беше напишано, знам кој го „валка“ моето име. Јас молчев и не се расправав и тужев, но молчев премногу. Мислев дека грешат оние што тужеа, но сега не мислам така – заклучи Луна.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
фото инстаграм
фото инстаграм
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close