Новости

Зошто се уште изгледам како да сум бремена?- Криси Тајген скршена од болка, повторно објави емотивна порака!

Таа самата не е сигурна како се чувствува за сè.

Познатата манекенка Криси Тајген која е во брак со познатиот пејач Џон Легенд, се уште не може да се опорави од загубата на нивното трето дете.

Фото Инстаграм

Загубата е тешка. Се разбира, постојат различни луѓе кои се борат со истите ситуации и сите  на различни начини. Некои се затвораат во себе и не дозволуваат никој да се приближува, додека други сакаат да ја споделуваат својата болка со другите за да им биде полесно.

Во оваа втора група спаѓа поранешната манекенка Криси Тајген, која го загуби третото бебе пред скоро три месеци. Иако е критикувана за тоа што ги опишала сите детали јавно преку Инстаграм, таа не се откажува од презентирање нови информации за нејзиното тело.

Затоа, не е изненадувачки што нејзината објава предизвика бројни реакции за само неколку часа.

Криси на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која е облечена во фустан кој го оцртува нејзинотоо тело, но од него се наѕира и стомакот кој веднаш паѓа во очи.

Фото Инстаграм

 „Ова е моето тело од вчера. И покрај тоа што не сум веќе бремена, секое огледало во куќата ме потсетува дека можев да бидам. Не разбирам зошто сè уште изгледам како да сум бремена. Ме фрустрира тоа. Од друга страна, горда сум на сè што претрпеа моето тело и ум.

 

Сакам да бидам бремена и многу сум тажна поради фактот што никогаш повеќе нема да можам да бидам. Но, јас сум горда на овие две дечиња кои од ден на ден растат во прекрасни луѓе ’, напиша Криси, чувствувајќи потреба да ги сподели своите мисли со светот.

Фото Инстаграм

Набргу по објавата, почнаа да пристигнуваат низа пораки и коментари.

„Срцето ми се крши затоа што минуваш низ ова, но јас сум исто така благодарна за сè што сподели со нас. Не сте ни свесни на колку луѓе сте им помогнале ’, и напиша една од нејзините следбенички.

Криси Тајген го изгуби бебето во петтиот месец од бременоста по компликациите во нејзината бременост, односно обилно крварење.

Нивната семејна среќа Џон и Криси не ја кријат од очите на јавноста, и постојано објавуваат фотографии на својот Инстаграм профил од нивното секојдневие.

Во продолжение погледнете неколку фотографии ос ова хармонично семејство:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close