Кафе муабет
ЗЛАТА ПЕТРОВИЌ НАПРАВИЛА СКАНДАЛ ВО БУДВА: Се туркала со жени, не сакала да плати 15 € за лежалка
Сакала да добие лежалка по секоја цена...
Пејачката Злата Петровиќ моментално летува во Будва каде предизвика скандал на плажа бидејќи барала да добие лежалка иако немало место.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/zlata-8.png)
Како една од најпознатите пејачки во регионот, Злата сметала дека во секое време мора да има лежалка за неа, или доколку се зафатени да се направи отстапка.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/zlata-2.png)
Злата летува во Будва и со оглед на тоа што пристигна на плажата кога веќе беше исполнет целиот капацитет на лежалки, избра да се избори за своето место.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/zlata-9.png)
Се удираше со лактите со жените во толпата, а потоа и пречеше што лежалката чини 15 евра, што во моментов е најевтиниот комплет на црногорското приморје.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/zlata-7.png)
Поради ваквата ситуација околу пејачката се собрале многу луѓе кои со неверување го следеле нејзиното однесување, а еден маж шокиран дури и ја ставил раката на усните.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/02/zlata1-2.jpg)
Злата им објаснуваше на жените околу неа зошто мора да го заземе тоа место и како не може да поверува дека нема лежалки за неа.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/zlata-4.png)
Злата повторно се мажи?
Изминатиот период Злата Петровиќ беше зафатена со реновирање на станот во кој живее а со овој чекор заинтригира многумина па почнаа да кружат и гласини дека таа повторно ќе се мажи.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/zlata-10.png)
Злата реши да проговори на оваа тема а нејзините искрени одговори ги насмеа и воодушевија сите.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/zlata-5.png)
– Секогаш носам бела комбинација и луѓето мислат дека треба да има свадба. Значи никогаш не се знае. Можеби е така. Но, „нема ништо мајко од твојата радост“. Нема свадба, уживам во слободата – низ смеа изјави Злата Петровиќ.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/01/2120283_zlata-petrovic-damir-dervisagic-censored_ff-763x1024-1.jpg)
Нејзините колеги за неа велат дека „не се менува како споменик во парк“.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/zlata-3.png)
Во една прилика Злата призна дека знае да се опие во моменти кога нејзиниот наследник се дружи со пријателите дома, а се започнало кога седнале само да наздрават со чашка ракија.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/02/Злата-и-синот.jpg)
– Еднаш се опијанив со син ми дома. Имаше некое друштво, ми понудија чашка да се напијам со нив, си направивме муабет и толку. На крајот пукнав! Прекрасно си поминавме, тие на крајот отидоа во градот, а јас останав. Подобро да пијат пред мене за да видам како се однесуваат, отколку некаде да се кријат. Секако дека не се проблематични, тоа е најважно – изјавила пејачката.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/05/злата-1024x662.png)
-Јован го проверував кога беше помал, после тоа не. Нон стоп се прашував каде е, со кого е и што прави. Знаев дека му се јавував неколку пати во текот на вечерта. Ме обвини за тоа, рече дека сум досадна, но подобро е отколку да не можам да спијам мирно додека не дојде дома. Тој сега е свој човек. Застана на нозе и веќе ги немам тие проблеми – вели пејачката.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/01/zlata3.jpg)