Кафе муабет
За прв пат во јавноста: Ова е свекрвата на Јелена Карлеуша!
Таа мисли се најдобро за својата снаа, и и дава бескрајна поддршка...
Познато е дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се омилена тема во медиумите.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/12/karleusa3-3.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/06/jelena-karleusa-2-830x0-1.jpg)
Речиси и да нема ден а да не се пишува за се она што се случува во нивниот дом, какви се односите зад четири sида и дали нивниот брак се уште е на ѕврсти нозе. Токму од овие причини, многумина се прашуваат како на сите овие написи во весниците реагира мајката на Душко, Николета Тошиќ која е скромна, повлечена жена која најмногу го цени својот мир.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/04/карлеуша.png)
Мајката на Душко Тошиќ избра да не се пресели од Орловат, каде живееше мирно со сопругот и одгледа две деца, и покрај големата популарност и богатство на нејзиниот син. Сепак, дури и во мал град во близина на Зрењанин, сите знаат дека нејзината снаа е Јелена Карлеуша, а што навистина мисли Николета за неа и по тринаесет години брак, во јавноста не е познато.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/06/dusko-1-4.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/06/dusko-1-3.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/06/dusko-2.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/06/jelena-karleusa-3-830x0-1.jpg)
Сепак, она што малкумина го знаат е дека Јелена деновите по смр-тта на нејзината мајка, кога Душко отсуствуваше поради деловни обврски, ги помина во куќата на свекрвата, како и дека и била огромна поддршка кога нејзиниот сопруг Милорад почи-нал.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/08/66964_dusko-tosic-privatna-arhiva_orig.jpg)
Фактот што Николета Тошиќ избра да го живее животот на мало место во близина на Зрењанин, а што помалку се меша во бракот на нејзиниот син и во други приватни одлуки, не значи дека има лошо мислење за Јелена. Напротив, таа мисли се најдобро за својата снаа, и дава бескрајна поддршка и со нетрпение ја очекува секоја средба и се радува на семејните собири каде доаѓа и сестрата на Душко Катарина.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/08/душко-сестра.png)
Инаку Катарина, не се појавува често во јавност, но за неа често се пишува. Се шпекулираше за односот со Карлеуша, но малкумина ја знаат вистината.
Покрај Јелена Карлеуша и неговите ќерки Ника и Атина, во срцето на Душко Тошиќ, посебно место зазема и друга жена, а тоа е токму неговата сестра Катарина.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/06/dusko-1.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/06/dusko-3.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/08/душко-сестра-3.png)
Катарина, за која јавноста знае многу малку, често е присутна во домот на Карлеуша и Тошиќ, и има прекрасна врска со нејзината снаа Јелена. Семејствата честопати одат на патување заедно, каде што уживаат во луксузни патувања, но и добра, заедничка забава.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/08/душко-сестра-1.png)
Катарина има две деца и сопруга на која е многу посветена. Сестрата на Душко Тошиќ направи свадба од бајките а ни помалку ни повеќе свадбата ја организираше Јелена, која целото внимание го посвети на тоа овој ден да биде посебен за Катарина.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/04/карлеуша-3.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/04/карлеуша-1.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/06/карлеуша-2.png)
Таа е прекрасна тетка на Атина и Ника, и уште од сега може да се забележи дека помалата наследничка на Тошиќ личи на својата тетка.