Кафе муабет

ЗА НЕА НЕМА КРИЗА: Пријовиќ искешира 70.000 евра, спрема нешто сосема поинакво- еве на што пејачката потроши толку пари!

Пријовиќ спрема нешто сосема поинакво...

Фолк-пејачката Александра Пријовиќ подготвува два нови сингла, кои планира да ги објави на почетокот на месец јуни, а за тоа, наводно, планира да искешира 70.000 евра, пренесуваат српските медиуми.

Пејачката планира да сними и спот на неколку егзотични дестинации.

– Прија заработи неколку илјадници евра од авторските права од прегледите на ЈуТјуб, па затоа не и е проблем да инвестира толку многу во нови песни. Договорот е песните да бидат објавени на лето, бидејќи таа верува дека дотогаш ќе се смири ситуацијата со короната. Таа сака да направи нешто ново, што не е видено порано – вели извор близок на пејачката.

foto: Instagram/ Aleksandra Prijovik/official

– Видеото ќе се снима на локации како што се Малдивите. Ќе чини приближно 70 000 евра. Инаку претходно Прија и Филип веќе одмараа во еден од тие хотели, па таа веднаш се согласи. На крајот на април, таа треба да патува со својот тим, а песните треба да бидат готови до јуни – наводно рекол изворот.

Но се чини дека за семејството Пријовиќ кризата со коронавирусот која погоди многумина, баш и не игра некоја улога.

Освен Александра, сега и нејзината мајка Борка Михајловиќ, која долго време е на музичката сцена има нова песна а кога ќе ја слушнете како пее, ќе ви биде јасно од кого снаата на Брена го наследила својот дар за музика.

Таа неодамна беше гостинка во емисијата „Песна за душата“ на Гранд телевизија, каде што отпеа неколку песни во живо, но го претстави и својот нов сингл, кој го сними за „Гранд продукција“.
Песната се вика „Кажи сине“ и станува збор за емотивна балада напишана од Ненад Николиќ Патало, која ја имаше својата премиера во шоуто на Зоран Пејиќ Пеја.

foto instagram


„Ова е светски хит“, рече славниот водител откако ја слушна песната.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close