Кафе муабет
ЗАРЕМ ТОЛКУ ТРАЕШЕ ЉУБОВТА: Анастасија ја откри вистината за раскинувањето со Гудељ- “Не можам повеќе да се борам со тој стрес”!
Се уште се заедно...
Раскинувањето на Анастасија и Немања Гудељ ги заинтригира сите што го погледнаа видеото на пејачката што таа го сподели на Инстаграм.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/06/anastasija-8.png)
Со токсичните луѓе треба да се постапува интелигентно и безболно да ги отстраните од животот. Така барем велат експертите за ментално здравје. Анастасија Ражнатовиќ иако е млада многу добро знае што е лек за душата, па во неодамнешната објава истакна дека отстранувањето на се што е токсично од нашата средина е форма на грижа за себе. Не знаеме дали мислела на одредена личност, но можеме само да нагаѓаме. Дали стиховите што ги рецитирала се порака до поранешната љубов? Имаше и такви кои се посомневаа дека можеби раскинала со Немања Гудеља, и дека оваа порака е за него.
View this post on Instagram
– Не е штета, не е грешка, нема загуба на љубов, нема омраза… Само те молам да останеш таму каде што си, затоа што сега ми оди многу подобро кога не си околу мене. . Не сум во хаос, едноставно не можам да се справам со сиот тој стрес. Се надевам дека ќе оздравиш и ќе продолжиш да се развиваш, а ти посакувам само најдобро – рецитираше таа.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/06/anastasija-7-1.png)
Објавата беше проследена со бројни коментари. Повеќето се согласуваат со Анастасија во изјавата дека токсичните луѓе треба да се ослободат, иако многумина се прашуваа на кого е упатена објавата…
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/06/anastasija-3.png)
Со цел на сите да им стави до знаење дека објавата не е адресирана до нејзиното момче Немања, и дека не раскинале, пејачката денеска објави нивна заедничка фотографија, отфрлајќи го секој сомнеж.
Тие веќе некое време уживаат во љубовта, а дека имаат големи планови за иднината покажува и фактот што сакаат да започнат заеднички живот.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/06/anastasija-4.png)
Немања Гудељ поради кариерата моментално живее во Шпанија, а пејачката често патува таму за да помине што повеќе време со својот сакан.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/06/anastasija-raznatovic-4.jpg)
Колку таа го поддржува фудбалерот сведочи и нејзиниот наводен договор да се пресели со фудбалерот во Турција, каде српскиот репрезентативец доби одлична понуда.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/05/anastasija.png)
Без разлика дали станува збор за Белград, Севиља, Ибица или некоја друга дестинација, заљубената двојка ужива во секој заеднички момент.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/slava5-580x1024.jpg)
– Колку се заљубени тоа не мора никому да го признаат затоа што тоа им се гледа на лицата. Уште од првиот ден кликнаа и на сите им беше јасно дека овој однос ќе биде поинаков– изјавил неодамна извор близок до Гудељ, пренесува „Блиц“.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/anastasija-3.png)
За тоа колку е сериозна и стабилна нивната врска, неодамна истакна извор близок до парот откривајќи дека пејачката и фудбалерот планираат да започнат заеднички живот во Турција.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/10/anastasija7.jpg)
Имено, како што објаснува соговорникот, спортистот добил одлична понуда од фудбалски тим, а Анастасија докажала дека е негова најголема поддршка кога се согласила да се пресели на Босфор со своето момче.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/04/anastasija-6.png)
– Гудељ доби понуда да се пресели од Севиља во редовите на актуелниот турски шампион, тимот на Трабзон. Неговиот сегашен тим е подготвен да го продаде за огромна сума, моментално се водат преговори, а многу е веројатно дека Немања следната сезона ќе се пресели на Црното Море поради деловните обврски – ја започна приказната изворот, кој потоа откри дека со него ќе замине и наследничката на Цеца.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/05/86115_nemaja-gudelj-orifumedia_iff.jpg)
– Немања и Анастасија се во сериозна врска и планираат заедничка иднина. Таа беше првата личност на која и кажа дека добил понуда од турскиот прволигаш и и објасни дека е многу веројатно следната година да ја напушти Шпанија. Ја прашал дали би сакала да ги спакува куферите и да замине со него. Се договориле прво да оди во Турција, а кога ќе се смири и ќе се вклопи во околината, ќе му се придружи и Таша – открил соговорникот кој истакнал дека Ражнатовиќ не планира да ја запостави музичката кариера.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/04/gudelj-gtw.png)
– Анастасија не планира да се откаже од пеењето. Свесна е дека за да напредува во работата треба многу време да минува во Белград бидејќи тука се сите нејзини колеги и кариерата најдобро ќе ја води од Србија. Исто така, таа е многу врзана за семејството, мајката, братот и внукот Жељко, а одлучила постојано да биде на релација Белград-Турција за да го поддржува своето момче, но и да продолжи со сопствениот раст. Верува дека тоа ќе биде добар тест за нивната врска, била свесна дека сериозна врска со спортист бара одредени жртви и верува дека ќе може да се снајде со тоа темпо на живот – заклучил соговорникот.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/04/gudelj-nd.png)