Новости
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ДЕТЕТО ГЕНИЈ: Ова 9- годишно девојче со aутизaм има повисок IQ од Ајнштајн и Хокинг!
Малата Адхара е надпроцечно интелигентна
Деветгодишната Адхара Перез од Мексико е детето гениј, бидејќи е надпросечно интелегентна.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/adhara.jpg)
Иако страда од Аспергеров синдром, поблага форма на аутизам, таа студира на два универзитета и сонува да стане астронаут.
Имено таа според списанието Фирбс е една од највлијателните жени, која сонува да стане астронаут, но годинава за жал поради тоа што е многу мала, не успеала да се запише на Националниот универзитет во Мексико.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/200306110059-nina-genio-mexicana-describe-como-se-enfrento-al-bulliyng-adhara-perez-pkg-blanco-proyecto-ser-humano-00005029.jpg)
Адхара Перез, има IQ 162, што е повисоко од оној на Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг (160).
Јавноста ја нарекува детето гениј бидејќи на само три години таа веќе знаела алгебра и била примена во Центарот за грижа за таленти во Мексико, каде завршила средно училиште на осумгодишна возраст. Сепак малата Адхара се соочувала со многу непријатности во текот на школувањето, и вели дека често била малтретирана од своите врсници.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/cz64g0ts42041.jpg)
Во моментов Адхара студира на Интернет на два универзитета: индустриски инженеринг, со специјализација по математика и инженерство на системи. Развива паметна нараквица што ги следи емоциите на децата со тешкотии во развојот и која може да предвиди и спречи разни напади што се јавуваат поради болест.
Моментално таа пишува книга посветена на децата со проблем као нејзиниот, и ја нарече „Не се откажувај“.
Нејзиниот сон е да се запише на Универзитетот во Аризона и затоа научи англиски јазик како подготовка за оваа цел, за да може да студира астрофизика и еден ден да стане астронаут.