Новости

ЗАБОРАВЕТЕ НА ГРЧКИТЕ ПЛАЖИ И НАРЕДНАТА ГОДИНА: Црна прогноза на СЗО!

Додека не се стави под контрола ситуацијата со коронавирусот границите на Грција ќе бидат затвроени

Се уште не можеме да кажеме дека се гледа крајот на пандемијата, и дека светот би се вратил во нормала за брзо време. Не, барем уште една година.

Од самиот почеток на епидемијата, експертите и властите смируваа и велеа дека најважно е да помине првиот бран, па веќе до крајот на годинава да има достапна вакцина против вирусот Ковид 19, но за жал сите овие оптимистички изјави, паднаа во вода кога Сумја Сваминатан, која е главен научник на Светската здравствена организација (СЗО) изјави  „дека брзата и масовната вакцинација против коронавирус е малку веројатна“!

Таа рече дека „прво треба да се вакцинираат здравствените работници, но дури и кај нив ќе се разгледува кој е изложен на најголем ризик, а потоа на ред се постарите лица за вакцинирање“.

– Здрава млада личност можеби ќе мора да почека до 2022 година – рече Сваминатан.

Оттука може да дојдеме до заклучокот дека враќање во нормала не може да очекуваме дури ниту наредната година, додека вирусот не биде сосема ставен под контрола.

Како ќе влијае сето ова врз животот на луѓето!

Како и до сега, децата ќе следат онлајн настава, можеби тоа ќе биде и наредната година.

Се претпоставува дека наредната година ќе бидат затворени многу граници како за туристите, така и за работниците мигранти, а мерките за заштита и забраните ќе бидат на сила уште  долго време.

 

Оние кои годинава со нетрпение го очекуваа летниот одмор,останаа разочарани, а најверојатно истото ќе се случи и наредната година, доколку не се стави под контрола ситуацијата со коронавирусот.

Оние кои сакаат да уживаат на долгите песочни плажи на некои од нивните омилени дестинации како  Халкидики, Тасос, Крф, Лефкада можеби и наредната година само ќе ги посакуваат.

Доколку ситуацијата не се стави под контрола, најверојатно Грците би побарале потврда за вакцинација наместо тест за ПЦР како услов за влез во земјата.

Конечно, ако нема масовна вакцинација во текот на 2021 година, нема да има враќање во нормала, барем не за економијата.

Додека бројот на заболени постојано расте во целиот свет и се размислува за ново затворање, и воведување нови пакет мерки за заштита, политичарите и економистите постојано посочуваат дека „новото затворање би било погубно за нашата економија“.

И особено, исто како и низ целиот свет, туристичката и авијациската индустрија би го почувствувале тоа.

Во Македонија ситуацијата се влошува!

Во вчерашниот дневник на Сител Телевизија министерот за здравство Венко Филипче истакна дека состојбата со коронавирусот во нашата земја значително се влошува а болниците забрзано се полнат.

Утре ќе разговараме на Комисијата за заразни болести за следните чекори и нови мерки. Почитувајте ги постојните мерките за заштита. Токму нивното кршење не доведе до влошување на епидемиолошката состојба, рече Филипче.

Министерството за здравство вчера информираше дека регистрирани се 535 нови случаи на ковид-19 во Македонија, што е нов рекорд на заболени од почетокот на пандемијата.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close