Кафе муабет

Животната приказна на најубавата жена на светот: Се посветила на кариерата и семејството- ги краси насловните на престижните списанија, за неа велат колку е постара толку е поубава!

По завршувањето на средното училиште во нејзиниот роден град, таа се преселила во Њујорк, каде што всушност ја започнала својата кариера...

Кристи Тарлингтон е родена на 2 јануари 1969 година во Крим Валмут, Калифорнија. Нејзиниот татко бил пилот, додека нејзината мајка била стјуардеса од Ел Салвадор. На само 14 години, таа била забележана од фотограф во Мајами и набргу потоа била примена во агенцијата Форд.

фото инстаграм
фото инстаграм

По завршувањето на средното училиште во нејзиниот роден град, таа се преселила во Њујорк, каде што всушност ја започнала својата кариера. Кога започна да работи како фотомодел, младата Кристи изјави:

„Ми беше тешко да бидам грациозна, бидејќи како дете бев многу несмасна“.

фото инстаграм

Благодарение на нејзиниот талент и харизма, нејзиниот успех беше загарантиран, таа ги освои модните писти низ целиот свет и стана една од најплатените фото модели за брзо време. Долго време таа беше заштитно лице на Келвин Клајн, за кого ја рекламираше облеката, како и козметичката линија.

фото инстаграм
фото инстаграм

Во текот на деведесеттите години работеше за голем број кампањи и реклами за луксузни брендови како Шанел, Валентинио, Версаче, Макс Мара, Ескада и се најде на насловните страници на престижните списанија – Вог, Ела, Гламур, Космополит, Базар .. .

фото инстаграм

Поранешната креативна директорка на американскиот Вог, познатата Грејс Кодингтон, ја опиша со една реченица:

„Кристи е најубавата жена на светот“.

фото инстаграм

Исто така, славниот фотограф Тери О’Нил за Кристи рече дека е како класика за сите времиња: “Можете да ја ставите во кој било период и таа секогаш ќе биде убава. Таа е голема sвезда на светската модна индустрија”.

фото инстаграм

По деведесеттите години, таа помалку се занимаваше со мода, но беше активна во областа на филмот. Во 2010 година, таа го режираше својот прв документарен филм “No woman no cry”, кој зборува за опасностите со кои се соочуваат бремените жени во некои земји кога бараат медицинска помош.

фото инстаграм
фото инстаграм

Во 2003 година се омажи за актерот и продуцент Едвард Барнс, со кого ја има ќерката Грејс, синот Фин, роден 2006 година.

Во слободното време, таа практикува јога а исто така тренира редовно трчање и трча маратони.

фото инстаграм
фото инстаграм

Таа дипломираше филозофија и компаративна религија и повремено се враќаше во светот на модата, како што беше на почетокот на 2021 година за модната куќа Фенди.

Што се однесува до стареењето и брчките, Кристи нема проблем со тоа:

фото инстаграм

“Не сакам да изгледам помладо отколку што сум. Нашето лице е мапа на нашите животи” истакна таа.

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close