Кафе муабет
Емина Јаховиќ со овој гест ги воодушеви сите: Отиде во посета на болното момче и испрати важна порака!
Пејачката ја покажа својата хумана страна...
Дека Емина Јаховиќ има големо срце се покажа неколку пати досега, а со овој гест пејачката повторно ги воодушеви своите фанови.
Имено таа го посети момчето Балша кое се лекува во Истанбул и уште еднаш ја покажа својата хумана страна и огромното срце.
-Поздрав од Истанбул од мене и малиот Балша … издржливо, храбро, паметно, елоквентно, инспиративно и добро момче. И јас и неговата прекрасна, силна мајка знаеме дека сè ќе биде добро, најдобро… го чекаме тој момент со нетрпение бидејќи нашето срце ни кажа сè, напиша Емина во описот на фотографиите со момчето и му посака побрзо закрепнување.
Мајката на малото момче, Драгана и се заблагодари на Емина за огромната поддршка и љубов која им е најпотребна во овие моменти.
– Зборовите се излишни. Колку убава, природна и достапна жена. Задоволство беше, напиша Драгана во описот на убавата фотографија која ја сподели на својата приказна на Инстаграм, што уште еднаш докажува дека сè се случува со причина.
За потсетување Емина и Мустафа веќе подолг период се во центарот на вниманието поради нивните несогласувања. Имено тие беа во брак 10 години и по разводот се обидоа да останат пријатели, дури некое време се шпекулираше дека ја обновиле својата романса. Во меѓувреме, тие станаа непријатели! Емина вчера за српски Информер потврди дека во иднина ќе се гледа со Мустафа само на суд.
– Точно е дека имам проблем со Мустафа, но не би сакала да зборувам за него и да расипувам толку убав и сончев ден. Тажно е што после толку години имаме проблем … Во Турција законот сериозно ги штити жените. Затоа е добро што сè се случува овде во Турција, а не во Србија. Претпоставувам дека на крајот ќе постигнеме договор – рече Јаховиќ.
И покрај тоа што беа од ретките кои после разводот функционираа одлично, сепак Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал сега започнаа жестока војна на суд! Прво, пејачката го тужеше својот поранешен сопруг затоа што и должеше 26 алиментации, а тој и возврати со тужба дека не е соодветна мајка и планира да го преземе старателството над нивните синови!
Турскиот пејач во тужбата наведува дека неговата поранешна повеќе време и посветувала на својата козметичка линија отколку на нејзините синови Јаман и Јавуз, а за малите се грижат само дадилките.
– Мустафа полуде кога ја доби тужбата на Емина за неплатена алиментација за дванаесетгодишниот син Jаман и деветгодишниот Јавуз. Финансиски им помогна на Емина и на децата по разводот, но тоа престана да го прави кога сфати дека таа заработува повеќе од него! Од тогаш Емина не побара евро, но неодамна го скрати, го тужеше и зборуваше за тоа во медиумите – вели извор за Информер.рс и додава дека поранешните сопружници разговараат само преку адвокат:
– Мустафа повеќе не сака никаков контакт со Емина, па му рече на својот адвокат дека сака и да ја тужи! Сандал во тужбата навел дека Емина е мајка од небрежност затоа што ги остава своите синови на дадилки, додека патува и целото свое време го посветува на козметичката линија. Затоа тој сака да и го земе старателството!
– Мустафа се однесува незрело, како да е љубоморен што Емина стана многу успешна во Турција. Точно е дека тој беше голема музичка sвезда кога се венчаа, но во меѓувреме, таа го надмина благодарение на улогата во серијата Поле со лалиња и нејзината козметичка линија. Наместо да биде среќен за неа, тој сака да ја повреди со тоа што сака да и го одземе старателството – вели изворот.