Кафе муабет

ЕДВАЈ ЧЕКАМ ДА СТАНАМ МАЈКА: Александра Младеновиќ си ја отвори душата- откри детали за љубовта и плановите во иднина!

Пејачката е спремна за нова улога во животот...

Младата бринета не остава никого рамнодушен, каде и да се појави буквално го привлекува целото внимание.

foto instagram

Пејачката Александра Младеновиќ, освен што плени со својот раскошен талент и харизма, постојано е во центарот на вниманието и поради својот атрактивен изглед.

foto instagram
foto instagram

Александра не зборува често за нејзиниот приватен живот, но во оваа прилика искрено зборуваше за љубовта и мајчинството, кои со нетрпение ги очекува.

foto instagram
foto instagram

– Што се однесува до љубовта, таа никогаш не открива ништо, но сега вели дека нема проблеми во љубовта и додава:

foto instagram
foto instagram

– Навистина едвај чекам да станам мајка, но некако сега кариерата ми е на прво место. Мислам дека има уште време да се реализирам на тоа поле. Некако, не сум ни млада, тука сум некаде. Значи, ако се појави вистински маж, зошто да не – истакна пејачката во шоуто „ДеТоксик“.

foto instagram
foto instagram

И на Александра Младеновиќ како и на сите останати колеги овој период кога нема настапи и е малку потешко.

Пејачката неодамна за Kurir Stars, истакна дека финансиската криза ја погодила, но за среќа таа имала заштедено пари.

foto instagram
foto instagram

– Јас сум штедач и не трошам пари на непотребни работи. Заштедив и засега сè е во ред по тоа прашање, фала му на Бога – рече пејачката и додаде:

– Како што сите знаеме, ништо не се случува кога станува збор за работата. Ќе бидам дома малку, ќе прошетам малку и тоа е тоа.

foto instagram

Таа неодамна купи нов стан, но токму поради заштедите, сè уште не го опремува.

– Сè уште немам договорено ништо околу станот. Ќе дојде неговиот ред. Корона е и не би трошела пари за тој стан сега – рече Александра, додавајќи дека добила покани за учество во реални шоуа, но дека не планира да се испроба во вакво нешто.

Јавноста е запознаена дека Александра беше во врска со Михајло Шаулиќ, синот на познатиот фолкер која траела само неколку месеци и тие прекинале секаков контакт.

foto instagram
foto instagram

– Времето им покажа дека размислувањата и ставовите им се разликуваат, и по неколку месеци одличија да стават крај на врската. Сметаа дека најдобро за двајцата е да останат некое време сами, па да видат дали одлачувањето ќе ги зближи и повторно да бидат заедно или сепак ќе прекинат секаков контакт, истакна близок пријател на парот за медиумите.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close