Новости
Европа конечно ги отвора границите: Eве само кои туристи ќе може слободно да се движат- границите остануваат затворени за овие земји!
Мерките се олеснуваат во некои земји со зголемувањето на бројот на вакцинирани и намалувањето на бројот на нови случаи...
Европската унија планира да направи значителен чекор кон нормализирање на плановите за отворање на своите граници по неколкумесечните ограничувања поради пандемијата на коронавирус.
Непосредно пред летната сезона, шпанските, италијанските и грчките плажи, како и градовите како Париз, Рим и Берлин ќе можат да бидат домаќини на туристи кои се целосно вакцинирани против ковид-19, пишува Блумберг.
– Време е да го оживееме туризмот во Европската унија и да ги обновиме прекуграничните пријателски врски – напиша на Твитер претседателката на Европската комисија Урсула Вон дер Лајен.
Додека се бори со третиот бран, Европа покажува знаци на контрола на вирусот, кој досега зарази повеќе од 30 милиони луѓе во ЕУ.
Мерките се олеснуваат во некои земји со зголемувањето на бројот на вакцинирани и намалувањето на бројот на нови случаи.
Урсула Вон дер Лајен препорача добредојде на гости од земји со релативно ниска стапка на инфекција, како и на оние кои биле целосно вакцинирани против ковид-19.
Овие предлози бараат одобрување од мнозинството од 27 земји-членки на унијата и може да бидат усвоени до крајот на мај.
Ограничувањата за патување се во сила веќе една година и претставуваат горчлив удар врз унијата која инаку е горда на отворените граници меѓу членките.
Од земјите-членки ќе се бара да ги примат сите патници кои биле вакцинирани со вакцина одобрена од ЕУ, вклучително и Фајзер, Астра Зенека, Модернино и Џонсон и Џонсон.
Ова значи дека вакцинираните со руски Спутник или кинески Синофарм или Синовац нема да можат слободно да патуваат во Европа само врз основа на статусот на примената вакцина.
Кому ќе му биде дозволено да патува без карантин во Европа:
– Граѓаните на сите земји-членки со зелен пасош – документ со кој се докажува дека сте вакцинирани со две дози, имате антитела или неодамна сте биле тестирани и имате негативен резултат.
– Жители на неевропски земји кои имаат доказ за вакцинација со вакцина одобрена во ЕУ.
Жители на „белата листа“ – неевропски земји кои имаат мал ризик од ширење на инфекцијата со оглед на моменталната епидемиолошка состојба што ќе се ажурира на секои две недели (бројот на нови случаи мора да биде помал од 100 на 100.000 жители).
Со цел да се ограничи увозот на нови варијанти на коронавирус, Комисијата предлага и „рачна сопирачка“ што ќе дозволи брзо ограничување на патните ограничувања доколку се влоши здравствената состојба во некои земји.
Во тој случај, само основните работници, како што се дипломатите или медицинскиот персонал, ќе можат да ги преминат границите, но и тогаш тие ќе бидат подложени на тестирање и строг карантин.
Членките на ЕУ во вторник ќе разговараат за нивниот договор со предлогот на Комисијата.