Кафе муабет
ЕВЕ ШТО ПРЕТХОДЕШЕ НА РАСКИНУВАЊЕТО: Ѓорѓе се напил па се скарале, не можеа да го сокријат проблемот што е присутен со години?!
Тие раскинале мирно...
Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, по пет години ја раскина врската со младиот бизнисмен Ѓорѓе Куљиќ.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/anastasija-2.png)
Парот спогодбено раскина, и како што беше пренесено во медиумите трето лице немало, но сега на виделина излезе и вистинската причината за разделбата.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/10/anastasija9.jpg)
Парот отсекогаш им бил интересен на медиумите и на седмата сила па откако почнаа да се забавуваат, камерите ги следеле секогаш кога излегувале од домот.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/03/anastasija-1.jpg)
Така камерата на „Папарацо Лов“ пред извесно време го сними расположениот пар како излегува од роденденската забава, а она што е интересно е што Анастасија и Ѓорѓе излегоа одделно.
Тие разговарале, се смееле и се задевале низ прозорецот од автомобилот во кој седела Ражнатовиќ, а девојките по ова продолжиле со забавата, додека момчињата си заминале дома.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/04/anastasia1.jpg)
Еднаш дури ги снимиле кога се расправале, кога Анастасија излегла од автомобилот, но Куљиќ многу брзо ја расположил.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/03/anastasia-1.jpg)
Инаку многумина го коментираа и нивниот стајлинг. Имено пејачката од својот дом знае да излезе и во поопуштено издание, воглавно тоа е спортска комбинација но тоа не е случај со Ѓорѓе кој постојано е во костим.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/anastasija-1.png)
“Тој е опасен бизнисмен, постојано е на мобилен телефон, зборува, склучува договори. Кога и да го видам е во некоја акција, секогаш е добро облечен. Никогаш не сум го видел во тренерка, секогаш е во кошула, без разлика дали се фармерки или панталони, ми се чини дека се одличен пар, таа е секогаш насмеана, често се шетаат на крајот на вечерта“, истакна неодамна извор за Информер.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/10/anastasija15.jpg)
Куљиќ и беше познат на јавноста уште пред да влезе во романса со Ражнатовиќ, а се шпекулираше дека пред врската со Анастасија се забавувал со дури две познати девојки, пренесуваат тамошните медиуми.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/04/anastasija-6.png)
Како што се пишуваше, згодниот бизнисмен пред да биде со ќерката на Цеца, бил со старлетата Станија Добројевиќ но сепак, овие шпекулации никогаш не се официјално потврдени.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/04/anastasija-7.png)
Се шпекулираше и дека е во врска со тогашната цимерка Ања Стојковиќ, ќерката на Драган Стојковиќ Пикси, со која живеел додека студирал во Америка.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/04/anastasija-4.png)
Како што е познато, Куљиќ е богат бизнисмен кој својата кариера ја градел за време на студентските денови во Америка, каде долго време живеел и студирал во Њујорк, а потоа таму започнал бизнис со камиони.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/10/anastasija6.jpg)
Ѓорѓе сака да се дружи, има група пријатели со кои често сака да оди на патувања или излети.
Со Анастасија ги сподели своите интереси за далечни дестинации и незаборавни одмори.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/05/anastasija.jpg)
И покрај опишаниот турбулентен емотивен живот на нејзиниот партнер, Анастасија никогаш не изразила љубомора.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/10/anastasija7.jpg)
– Имам среќа што на момците им бев прва или втора девојка, па не размислував за бившите девојки. Сите беа постари од мене, мојот сегашен дечко е девет години постар од мене. Немав на што да бидам љубоморна, сето тоа пред мене беше несериозно – изјави претходно Ражнатовиќ.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/10/anastasija2.jpg)