Кафе муабет

Еве како Емина реагираше на веста дека нејзиниот поранешен сопруг ќе се жени!

Емина целосно се посвети на работата

Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, Мустафа Сандал се жени со својата девојка Мелисa Сутсуруп, а среќната невеста ја сподели радосната вест на социјалните мрежи.

Фото Инстаграм/Мелиса Сутсуруп

– Можеби некој имал автомобил пред мене, можеби те чекале девојки со мираз, можеби си ти крив… Но сето тоа нè подготви за ова денес, мој Кито. Јас сум секогаш со тебе, за да бидеш насмеан и спокоен. Среќен роденден, идно презиме – напиша две децении помладата девојка на Мустафа Сандал.

Тој е во среќна врска со две децении помладата Мелиса Сутсуруп, успешна бизнисменка, која на јавноста и ја претстави дури ова лето. На Инстаграм тој се пофали дека таа и неговиот постар син Јаман биле меѓу првите кои му го честитале роденденот.

Фото Инстаграм/Мелиса Сутсуруп
Фото Инстаграм/Мелиса Сутсуруп

Емина, која имаше проблеми со поранешниот сопруг за плаќање алиментација за синовите Јаман и Јавуз, одамна емотивно ставила точка на врската со Мустафа, па веста за неговиот брак не ја погодила. Но, алиментацијата која им ја должи на синовите се уште е неисплатена, поради што не и е сеедно.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ
фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Додека тој се труди да биде исполнет на емотивен план, таа даде се од себе да блесне на деловен план, а во пресрет на роденденот се радува на многуте успеси кои и ги носат новите календарски и животни години.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ
фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Емина Јаховиќ повторно е во добри односи со поранешниот сопруг Мустафа Сандал со кој е на суд поради алиментација.

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

– Јас и Мустафа сега имаме контакт како родители на две момчиња. Се трудиме да ги едуцираме и воспитуваме на најдобар можен начин. Секој си има свој живот и никој никому не му се меша. Има еден спор кој треба да заврши, го оставивме на адвокатите. Веќе не зборуваме за тоа – истакна Јаховиќ за „Блиц“.

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

Кога ја сумира годината зад себе, заклучува дека е многу задоволна жена.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

-Пред се, морам да кажам дека сум најзадоволната жена на светот бидејќи имам два сина, здрави сме, имам можност денеска да зборувам за се што направивме во изминатите 365 дена. Мислам дека 2021 не беше лесна за никого, а последиците од глобалниот стрес што го имавме во 2020 и 2021 година ќе ги почувствуваме во наредниот период. Така велат учителот и мачителот, тоа дури подоцна ќе влијае на нашето здравје и енергија. Добро беше што научивме повеќе да се свртиме кон семејството и вистинските вредности. Го исфрливме она што требаше да се исфрли, а она што е добро остана, објасни Јаховиќ.

фото инстаграм/ Емина Јаховиќ

Емина на 15 јануари ќе наполни 40 години, но вели дека не би менувала ништо.

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

– Искрено, никогаш не би го сменила ова чувство што го имам во мојата глава сега и моето животно искуство за триесеттите или дваесеттите години. Никогаш не замислував дека ќе наполнам четириесет, некако секогаш ми беше премногу. Но што е најважно, гледам дека сè уште сум дете во душа. Се чувствувам убаво како никогаш досега и како да доаѓа вистинското време, истакна пејачката.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Иако со месеци им се суди, Емина и Мустафа решија да се помират поради синовите Јавуз и Јаман за да го олеснат воспитувањето.

Неодамна Емина Јаховиќ откри дека разводот и прекинатата врска со бившиот сопруг оставиле последици врз однесувањето на нивниот постар син Јаман кој моментално минува низ пубертет.

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

– Јаман има тринаесет години, а Јавуз девет, се уште не е во пубертет. Мислам дека ако имав близнаци кои имаат тринаесет години, целосно биполудела. Но, кога ги гледам моите деца, тие се многу добри, бидејќи јас сум строг родител и перфекционист. Знам како пораснав, добри се на училиште, ги почитуваат постарите, сакаат животни, но мислам дека оваа година ќе помине. Јаман моментално е во оние години кога одбива се и едноставно што и да му кажат тој знае подобро. Нема шанси да му не го направи тоа што го сака, тоа е негова манипулација што ја прави од самото раѓање. Едноставно е, на крајот секогаш го добива она што го сака. Се трудам да бидам силен. Тој е дете на разведени родители и тоа не ми оди секогаш добро, понекогаш ја користи ситуацијата дека немаме добра комуникација за да прави како што сака – искрена е таа.

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ
Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ
Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

Синот на Емина Јаховиќ често ги користи нерешените односи на неговите родители за да го добие она што го сака. Сепак, Емина вели дека ја надминала врската и конфликтот со Мустафа.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ
фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– Мустафа е некој кој е мој поранешен сопруг и татко на моите деца. Јас така гледам. Секогаш ќе морам да бидам во некаква комуникација со него и така ќе остане. Сето тоа го надминав, само сакам моите деца да бидат добро. Ќе направам се за да им го олеснам пубертетот и животот во секоја смисла на зборот – вели таа во искреното интервју за „Блиц“.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close