Кафе муабет
Еве зошто една од најпознатите балкански пејачки стравува за својот живот
Според она што го објавија медиумите пред неколку дена, наводно непознати сторители фрлиле бомба врз куќата на нејзиниот менаџер во Словенија....
Сенида Хајдарпашиќ, попозната како Сенидах, неодамна ангажираше приватно обезбедување, кое е со неа 24 часа на ден. Според информациите, пејачката стравува за својот живот и безбедноста на своето семејство поради постојаните за-кани од луѓе кои некогаш ја воделе нејзината кариера.
Според она што го објавија медиумите пред неколку дена, наводно непознати сторители фрлиле бо-мба врз куќата на нејзиниот менаџер во Словенија. Целиот нејзин тим го негираше тоа истиот ден, меѓутоа, наодите на новинарите се многу сигурни и постои можност соработниците на Сенида да не сакаат да зборуваат на таа тема од cтpaв за нивната безбедност.
Како што објавија српските медиуми токму од таа причина пејачката ангажирала луѓе да ја чуваат и да го следат секој нејзин чекор.
Минатата недела, таа имаше концерт во нашата земја каде што дојде со тројца момци, кои постојано и го чуваа грбот. Тие се обидуваа да бидат незабележителни и да не привлекуваат внимание, па додека Сенида пееше, беа поставени во близина. Штом го заврши настапот, нејзиното обезбедување ја опколило и безбедно ја однело до автомобилот, а потоа заедно се упатиле кон хотелот.
Пејачката не одговори на повиците во оваа прилика.
Инаку Сенида важи за една од најатрактвнте пејачки која го освојува Балканот. Таа ужива во своето тело, не се грижи за критиките и одбива да се вклопи во сликата на современото општество …
Сенида Хајдарпашиќ (36) е од Словенија и таа дефинитивно е една од оние sвезди кои ги поместуваат границите кога станува збор за стилот и женската убавина.
И покрај фактот дека таа е сосема поинаква од сите оние познати домашни убавици, публиката ја обожава и ја смета за олицетворение на сексапил и фаталност.
Убавата Словенка тоа го докажува со секое свое издание.