Бебе

Еве зошто бебињата НЕ треба предолго време да плачат

Континуираното плачење доведува до засилено произведување на стресниот хормон кортизол.

Дали сте знаеле дека предолгото плачење на бебињата може да им го оштети мозокот?

Според истражувањата, кај децата што плачат подолго време може да дојде до оштетување на мозокот. Нивниот мозок се развива, па опасно е да плачат подолго време. Докторката Пенелопе Лич, верува дека децата подоцна би можеле да имаат потешкотии во учењето.

Оваа теорија е во спротивност со популарното верување дека на децата може да им се дозволи да плачат и до 20 минути.

Неки стручни лица, меѓу кои и др. Џина Форд ги советуваат родителите да воспостават животен ритам на своето новородено дете, вклучувајќи и да му дозволат да плаче се додека не формира редовен период за спиење.

Но докторката Лич вели дека малите деца немаат ментална зрелост како би можела да научат да спијат во одредено време. Детето што плаче по некое време ќе престане, но не затоа што самото научило да замине на спиење, туку затоа што е исцрпено и се откажало од барање помош.

Континуираното плачење доведува до засилено произведување на стресниот хормон кортизол.

Долгите периоди на плачење произведуваат кортизол во толкава мера што можат да го оштетат детскиот мозок тоа не значи дека децата не смеат да плачат или дека родителите треба претерано да се загрижени кога плачат, но пожелно е да не ги оставаат да плачат премногу.

Препораки

Close
Close