Кафе муабет
Душко Тошиќ беше опседнат со оваа пејачка- целата соба му беше со нејзини постери!
Поради сиромаштија, неговите родители одлучија да го дадат во дом во Зрењанин, каде што помина 3 години и ги направи своите први фудбалски чекори...
Денес, Душко Тошиќ е еден од најпознатите фудбалери кој зад себе има богата кариера, а го носеше и дресот на српската репрезентација.
Иако живее луксузно, сепак неговото детство не било лесно. Поради сиромаштија, неговите родители одлучија да го дадат во дом во Зрењанин, каде што помина 3 години и ги направи своите први фудбалски чекори.
Се случувало да нема што да јаде, па победничката на Задруга 4, мајката на Кија Коцкар, која веќе 30 години работи како готвачка во ресторан во Зрењанин, Надица Коцкар,му подготвила оброци.
Сето ова денес е далеку зад него, а Душко, благодарение на големиот напор и талент, и сега живее на висока нога и ужива во љубовта со Јелена Карлуша и нивните две ќерки Ника и Атина.
Душко се ожени со Јелена во 2008 година, а малкумина знаат дека тој бил нејзин голем обожавател уште на почетокот на неговата кариера.
Како што еднаш откри Карлеуша, неговата соба во која тој го помнувал времето била целата со нејзините постери, а во тоа време тој веројатно не ни сонуваше дека ќе му биде жена.
“На 16 -годишна возраст се пресели во ОФК Белград. Подоцна дознав од неговите пријатели од ОФК дека просторијата во која живеел била излепена со мои постери. На крајот се ожени со жената од постерот и има две деца со неа, тоа е прекрасна приказна “, стакна Карлеуша во една прилика.
Инаку Јелена е 7 години постара од Душко, и се чини дека Тошиќ ги исполни сите желби од детството!